Почетнички увод во маркетинг KPI’s (Кey Performance Indicators)

Многу дигитални маркетери се потпираат на овој начин на работа како полесно би стигнале до финална бројка која ќе ги доведе до информирана одлука на крајот. KPI (Key Performance Indicator) е мерлива вредност која прикажува колку ефективно и ефикасно една компанија ги исполнува своите поставени цели. Организациите најчесто користат KPI кои се поставени на неколку различни нивоа за следење на исполнувањето на целите по одредени сектори. извор

За да се создаде тој KPI систем потребно е да се следат следните чекори:

  • да се дефинираат крајните бизнис резултати
  • да се реши како тие резултати ќе се мерат
  • да се одберат до 5 - 7KPI’s за таа намера
  • да се започне со собирање на информациите
  • да се создаде онлајн платформа на која следат тие KPI’s( пр. google analytics )
пр.Google analytics

Етапното следење на сите информации преку KPI системите го скратува времето на пребарување на релевантите информации и ги сместува истите во табела. Неколку важни KPI’s кои треба да ги следи вашиот тим се следните :

  1. Активност на веб страната

Овие метрики се користат за да се види просечното време поминато на страната. Формулата за пресметување е следната: ( Time visitor A spends on page + Time visitor B spends on page + … + Time visitor N spends on page ) /Total visitors on page

Согласно со тоа по колку минути посетителот излегол од страната ние ги добиваме бројките и статистиките кои ги ставаме во неделниот извештај. Тој извештај најчесто е раководен од Маркетинг менаџер. Важен податок кој исто така треба да го следите е Bounce rate или процентот на поситетители на веб страната кој искочиле од истата без да скролаат надоле или да отворат некој материјал на страната. За да се провери колкав број од посетителите го прават ова се прави следното: Google Analytics : Content > Site Content > Pages

пр. Bounce Rate

2. Извор на посетители

Изворот на посетители ни покажува од каде и што ги води посетителите на нашата страна. Клучни термини во овој дел се главно раководени од Google Analytics -Acquisition -Referrals.

3. Онлајн кампањи ( CPM, CPC, CTR, CPA )

Следните метрики се користат за мерење на успешноста на онлајн кампањата.

CPM (Cost Per Thousand ) , CPC (Cost Per Click) , CTR (Click Through Rate) , CPA (Cost Per Acquisition) .

4. Социјални интеракции

Систем преку кој се мерат сите интеракции поврзани со социјалните медиуми. Секоја платформа има различен начин и варира: twitter -@, facebook-tag, Google+ — +1 итн.

5. Органско пребарување

Google Analytics ги дели сите посетители што го отвориле сајтот преку google search и посетители што биле усмерени кон сајтот преку реклами или други сајтови со линк до истиот. Сеуште немаме начин да дознаеме преку кои хаштази конктерно се стигнува до некоја дестинација(веб страна).

6. Мобилен сообраќај

Според мене еден од клучните показатели за успешноста на сајтот е дали истиот е оптимизиран и прилагоден за мобилни телефони и таблети. Во зависност од тоа од каква направа е прегледан сајтот може да се направи увид кон каква направа треба да се насочи истиот. На пр. ако 70% од посетителите ја прегледале страната од мобилен телефон или таблет, истата треба да се прилагоди или адаптира за да биде прегледна и поедноставена.