Вистината за активниот животен стил

Многу често кога луѓето ќе го слушнат зборот активен го поврзуваат со нешто тешко и страшно.

Луѓето имаат слика дека активниот животен стил подразбира саати поминати во фитнес или пак некои екстремни вежби, “офф роуд” велосипедизам, искачување планини, трчање маратони итн. Таа претстава е резултат на многуте вљубеници во спорт и активен животен стил кои благодарение на социјалните медиуми и интернетот промовираат таков живот. И, тоа е прекрасно затоа што инспирираат многу луѓе да започнат поквалитетен животен стил, но сепак обичниот човек не е заљубен во тоа и веднаш си кажува на себе: “јас нема шанси ова да го правам”.

Некои луѓе сметаат дека за да бидеш активен треба да бидеш фит и да имаш six pack (стомачни) затоа што на ТВ или ФБ ќе видиме реклама поврзана со активен живот и здравје која има слика на врвно тонирано тело. Доколку си и ти еден од тие на кого му се рушат сите светови кога ќе помисли да биде активен, дозволи ми да ти го променам мислењето :).

Опасностите на нашиот животен стил

Модерниот свет на технологија и превоз ни го има променето начинот на кој што ние луѓето живееме. Многу луѓе имаат работно место поврзано со целодневно седење, во простор кој е климатизиран без свеж воздух. Најчесто од работа се влегува во кола или автобус, се стигнува во зграда, се користи лифтот и повторно се седи или лежи затоа што сте уморни од работа.

Да бидеш активен не мора да се поврзува со членство во фитнес центар или некаква дисциплина. Можеш да ги качуваш скалите до канцеларија или до дома. Можеш да одиш пешки или со велосипед до работа или до локациијата за шопинг или дружба со пријатели. Можеш да се симнеш неколку станици порано и да пешачиш. Технологијата е одлично нешто, но ќе се сложиш дека не’ има направено мрзливи.

Најди го сопственото “активен”

Вистината е дека доколку не седиш или лежиш, ти си активен. Макар и тоа да биде и некоја домашна работа во домаќинство или гаража. Согоруваш калории.

Наоѓање на соодветната активност за твоето тело е најдобриот совет што можам да го дадам од мене. Зголемување на нивото на твојата активност може да биде едноставно како попладневна прошетка или драматична како спремање за маратон :). Еднаш кога ќе се обврзеш, твоето тело на неделно ниво ќе почнува да се адаптира на интензитетот на вежбање и погоди што потоа? Ќе се инспирираш за да одиш на следно ниво…

За мене да бидам активност е различно секојдневно, но сепак сакам да сум дел од група најчесто. Некој ден може да ме мрзи, некој ден одам на крос фит и си го оставам срцето, некој ден одам да потрчам или го качувам Водно. Избери си сам од каде ќе почнеш и што ќе правиш.

Josif Damjanov