Дали да го исфрлам глутенот од исхраната?

Глутенот е протеин кој најмногу го има во интегрална пченица, ‘рж и јачмен. Тој на телото му овозможува да го храни мускулното ткиво и да создава хормони и ензими.

Кога консумираат зрнеста храна, луѓето често се жалат на надуеност на стомакот и таа тегоба се намалува кога ќе престанат да јадат храна богата со глутен. Исто така, голем број луѓе губат тежина како резултат од исфрлање на глутенот, што е можеби причината за ненадејниот ентузијазам за овој тренд во исхраната. Меѓутоа, освен во зрнеста храна, глутенот го има и во процесирана храна како што се кремасти преливи за салата, каде што тој се користи како стабилизатор и згуснувач, а тоа значи дека исхраната без глутен често значи да се исфрлат многу видови брза и процесирана храна. А, тоа секако се подразбира под правилен начин на исхрана ☺.

За секого е добро колачињата, бисквитите, белиот леб, пецивата и грицките да ги исфрли и да ги замени со интегрални зрна што не содржат глутен.

Само 1% од луѓето имаат вистинска интолеранција на глутен, познат како целијачна болест и навистина треба да се претпазливи и добро да читаат и да разбираат етикети. Глутенот може да биде прикриен на етикетата и да биде прикажан како растителен протеин, модифициран прехранбен скроб или слад додаден за вкус.

Josif Damjanov