Како да го снема тој делот околу стомак

Иако можеби си сменил/а исхрана и си физички активен/а, но многу е фрустрирачки кога тој дел околу стомакот никако не сака да си оди. Имам 3 совети јас доколку си заглавен/а и ти во овој круг. Но, прво да го разрешиме митот за слабеење и губење масти.

Жал ми е што ќе морам да ти ја кажам вистината, но не постои такво нешто за губење на сало или слабеење на конкретен дел од телото. Едноставно, ние не одлучуваме каде нашето тело ќе ги чува мастите и не можеме да одлучиме на кои конкретни места и позиции ќе топиме најмногу. Стомачни или вежби за стомак не се никаков гарант дека мастите околу стомакот ќе ги снема. Добрата вест и она што е логично за секој од нас е, дека со правилна исхрана и физичка активност можеме да си го обликуваме телото и да почнеме со топење масти. Ова е она што јас можам да го советувам во овој дел за да почнеме да ја будиме свеста, да менуваме приоритети и да разбереме дека се е многу едноставно.

Совет 1: Најди време да бидеш активен/а

Знам дека ова не е ништо ново и дека е веќе слушнато и логично, но зошто тогаш никако не најдеш време да бидеш константно физички активен/а. Толку е едноставно.

Физичката активност на долг рок ќе ти донесе помалку масти и подобар мускулен тонус на цело тело сакал или нејќел. Од друга страна го намалува стресот и со тоа помага да се избегнуваат ситуации да се посегнува по храна заради тоа што сум нервозен или емотивно нарушен.

Совет 2: Земи воздух длабоко

Практикувај свесно исклучување од секојдневие и работа преку дишење. Пробај десетина пати длабоко да вдишиш и издишиш концентрирајки се на воздухот кој поминува низ дишните патишта. Тоа ќе ти помогне да бидеш тука и сега, и да го смириш стресот и напнатоста, што дефинитивно ќе ти помогне да избегнеш јадење од нервоза и јадење за да се смириш. Размислувај за твоето тело и тоа како сакаш да изгледаш. Ќе ти помогне да и дадеш приоритет на твојата општа добресостојба.

Совет 3: Исправи ги рамењата и собери го стомакот

Додека си на работа или дома пробај да направиш вежби за истегнување наместо кафе пауза. Дури и наједноставно истегнување додека седиш. Најчесто во текот на денот обавуваме и многу телефонски повици, а тие се идеални за да излезеш од столицата и да пропешачиш или да се истегнеш. Знам дека звучи неверојатно, но деталите прават разлика. И, можеби ова нема да ти донесе некаков моментален резултат, но ќе ти помогне да избегнеш ситуации за подкаснување и ќе ти ја развива свеста и навиката да правиш едноставни промени и навики кои подоцна се акумулираат во големи промени и големи разлики.

Ништо на овој свет не е толку комплицирано како што го правиме ние. Проблемот е што сакаме резултати преку ноќ и сметаме дека е потребна некаква посебна диета, исхрана, вежби и посебен процес за нас што и всушност е причината што не почнуваме и се откажуваме.

Josif Damjanov

Show your support

Clapping shows how much you appreciated The Better Nutrition’s story.