Начин како да бидеш здрав и да заштедиш пари

Јасно ни е на сите дека парите некаде се трошат, но се работи за што ни е приоритет. Многу од нас размислуваат дека да се храниш правилно и здраво е скапо.

Размислуваме дека брзата и кондиторска храна е поефтина. Па ме замисли малку, дали постојат некои лекции кои треба да ги научиме како да заштедиме пари, а воедно да бидеме здрави.

Јас плаќам чланарина за да вежбам неколку пати на неделно ниво и не сум пример да советувам :), но сепак ако откажете можеби членство од вашиот клуб можеби ќе ви заштеди пари. Имаме можност за вежбање надвор особено кога е добро време (трчање, точак, пешачење). Овие три штедат и гориво за колата :).

Јадење дома со фамилијата и спремање на оброци за на работа од дома. Ова не само што ќе заштеди пари, туку ќе ви помогне да имате контрола врз она што оди во оброците и храната што ја јадете. Од друга страна барем јас го сакам моментот на ручек со фамилијата. Не можете ни да замислите колкава е разликата на крај на месец финансиски, па и калориски. Проверете и направете математика. Јас се фрапирав.

Јадење на повеќе растителна храна може да помогне. Додека животинската храна е позастапена во нашиот буџет, пренасочете нешто кон растителната храна. Салати, овошја, грав, грашок, леќа. Ќе заштедите на финансии и на калории повторно.

Можеби одгледувате некакви овошја и зеленчуци. Или па уште подобро ако некој ваш родител или баба и дедо одгледуваат :)

Намалено трошење на пијалоци е одлично кратење на непотребни трошоци. Соковите и сите засладени пиајлоци и прашоци не само што влечат голем буџет туку и се едни од најголемите непотребни внесови на шеќер и калории. Извадете ги во целост.

Josif Damjanov

Like what you read? Give The Better Nutrition a round of applause.

From a quick cheer to a standing ovation, clap to show how much you enjoyed this story.