Поврзаноста на дигестивниот систем и општото здравје и добресостојба

Ако размислиме малку подлабоко, сосема е логично тврдењето дека тоа што го ставаме во уста директно влијае на она како се чувствуваме. Или, во превод што ќе добива мојот дигестивен систем и во каква кондиција ќе биде директно ќе се одрази на кондицијата на останатите системи во телото (имунолошки, кардиоваскуларен, итн).
Многу луѓе околу нас живеат со киселини, подуеност, нередовна столица, неподнесување извесни видови храна, алергии, чести вирози и настинки, опадната виталност и енергија… Денес тоа е речиси “нормална” појава и секојдневие кај многу од нас, но всушност е аларм дека дигестивниот систем не е во најдобра состојба. Свесни сме дека за да храната што ја јадеме стигне до секоја клетка потребна е претходна обработка. Во таа обработка учевствуваат устата, желудникот, жолчката, црниот дроб и цревата. И доколку еден од нив има намалена функција, тогаш имаме проблем (од горе напишаните).
Вашиот дигестивен систем може да го замислите како водоводна инсталација. Во таа инсталација ако секојдневно дотураме ѓубре ќе почне да се запушува и/или оштетува. Многу често со јадење на премногу мрсна храна, многу сувомесно, млечни производи со висока масленост, кондиторска храна полна со хемии ќе почне наталожување на отпаден материјал и токсини околу ѕидовите на цревата. Тоа ќе придонесе до оштетување на цревните ресички кои се задолжени за апсорпција на храната, запушување на дебелото црево и процес на автоинтоксикција или само-труење.
Затоа многу е важно да му помогнете на вашиот дигестивен тракт во процесот на одржување и природно само-чистење. Во епизода 29 погледнете со кои 6 чекори ќе обезбедите добра кондиција и здравје на истиот.