Приказната и процесот на Никола

Иако сум човекот кој што сака да биде нечија инспирација и мотивација, сепак и јас сум некој кој сака да биде инспириран и мотивиран. Таа мотивација ја наоѓам во луѓе како што е и овој - мој драг пријател Никола кој што е заљубен во секој дел од неговиот процес. Многу сум љубопитен за тоа што е нивно гориво и што длабоко ги возбудува за да станат и да работат на тоа што го имаат како визија за себе. Седнавме и поразговаравме за работи кои ќе подигнат и некого од вас, затоа што на крај на денот сите сме почнале од исто место и со истите ресурси иако често ќе си најдеме изговор “Лесно му е него”.

Што те инспирира или присили да се инволвираш во здрав и активен живот?

Уште од најрана возраст, спортот има посебно место во моето секојдневие. Од секогаш сум сакал тимски спортови, но со работните обврски потешко и поретко се појавуваше можност за организирање на партија баскет или некоја активност каде што можеш да се ‘издуваш’. Не можев да чекам некој друг да ме помрдне и да чекам од друг да ме повика за да бидам активен. Време беше да почнам индивидуално, но за да се задржи континуитетот морав да си најдам нешто интересно за мене.

Што те привлече за кросфит да биде твојата дисциплина и љубов?

За Кросфит прв пат слушнав во 2015 година, преку колега. Со малку интернет истражување, се решив да го пробам. Со тек на време, многу се пронајов во Кросфит, и освен вежбање за здравје и фит изглед, аспирациите пораснаа во подобрување на перформансите и желба за натпреварување. Јас имам компетитивна жица во себе.

Кој ти беше најголемиот предизвик со кој се мачеше да се соочиш и да го совладаш?

Најголемиот предизвик ми беа дефинитивно тежините кои се користеа во вежба, односно Rx (пропишани тежини и стандарди). На време ја препознав мојата слабост и релативно брзо ја отстранив. Моментално имам многу добар енергетски систем за дигање големи тежини со нормален пулс (вон вежба) и работам на истото тоа да го достигнам со интензитет (висок пулс) бидејќи се работи за комплетно различен енергетски систем и мускулна издржливост. Со гимнастичарски, со тежински движења и техника никогаш сум немал проблем, но секогаш има простор за подобрување.

Сега веќе не вежбаш за да се ‘издуваш’ и за здравје :) . Кои се твоите цели?

Бидејќи се стремам да ги зголемам перформансите, не можам да си дозволам лоша исхрана или вежбање помалку од 5 пати неделно. Затоа сметам дека со овој ритам здравјето само си доаѓа. Моментална цел во моето вежбање е достигнување на компетитивно ниво, доволно големо за да се квалификувам на некое елитно натпреварување прво во регионот, а потоа можеби ќе погледнам и подалеку.

Каде ја гледаш својата форма за една година од сега и која е титулата што во моементов ти е најпоскаувана?

Очекувам да продолжи трендот од зголемување на 1кг мускулна маса на секои 2–3 месеци. Иако звучи како мало зголемување, со упорност и тек на време се исплати. Моментално тежам 78кг, целта е да стигнам помеѓу 85–90кг. Самото тоа бара многу јадење (количински и често) и внимавање на внесот на јаглехидрати, протеин и масти и варијација на состојките со цел да не се внесува ист вид на храна. Редовно правам прегледи на спортска медицина, се трудам нивото на масти во телото да го одржувам на ниско ниво (секогаш е околу 7%).

Во врска со моите цели, како што споменав погоре, е подигнување на нивото на перформансите и учество на некое елитно натпреварување во регионот. Во врска со титули, мојот став е да дадам најдобро што мо/ам на секој следен тренинг и секој следен натпревар. Во овој спорт постојат момци кои живеат од Кросфит, и го работат само тоа. Тие се и моја инспирација. За врвот е предалеку да размислувам. Сепак сум со секојдневна работа, затоа и мојата посветеноста не е довлна за врвот, но се работи за процесот затоа што и тие кои се на врвот биле дел од процес. Треба да се ужива во него!

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ми значи да стиснеш на срцето ❤ и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна. Ако сакаш да прочиташ, слушнеш или видиш уште некоја содржина може да ги посетиш некој од линковите:

Facebook
Medium
YouTube
Soundcloud

Show your support

Clapping shows how much you appreciated The Better Nutrition’s story.