Ако не па ВМРО да ги вратиме

therealpsmst
1 min readNov 7, 2017

Помина скоро година од избори
не сработивме којзнае колку
ама патни трошоци успеавме
да наплатиме
ако не па ВМРО
да ги вратиме

Реформите доцнат
ама нема и каде да се брзаме
додека чекаме може и од ветеното
да скратиме
ако не па ВМРО
да ги вратиме

Наместо резултати, фотки од
нашите опуштени разговори
на социјални мрежи
ќе испратиме
ако не па ВМРО
да ги вратиме

Во одбори е океј
некој треба и на функција да биде
дојде наше време
да се збогатиме
ако не па ВМРО
да ги вратиме

Политиката е курва
овде сме со Теута, онде со Таравари
право велиш и ти
Али побратиме
ако не па ВМРО
да ги вратиме

Владата не се рекламира
владеачката партија — да
пари за Сител, за ПиАр нема
да патиме
ако не па ВМРО
да ги вратиме

Најголем буџет во историјата
и пак доволно пари нема
во администрацијата нема
да кратиме
ако не па ВМРО
да ги вратиме

Дојде живот ама еј псст,
на социјални мрежи
кој што пишува и зборува
секој ден пратиме
ако не па ВМРО
да ги вратиме

Со колегите во влада
висиме на твитер, фејсбук
професионално, чесно и одговорно
врата клатиме
ако не па ВМРО
да ги вратиме

--

--