5 недели аболиција

Поминаа точно 5 недели откако претседателот Ѓорѓе Иванов аболицираше 56 политичари и лица блиски до нив. Протестите кои започнаа како револт кон оваа одлука и понатаму продолжуваат
Во меѓувреме, Собранието се распушти и изборите беа закажани за петти јуни.

Минатата недела, неколку часа пред истекувањето на законскиот рок, ВМРО — ДПМНЕ поднесе кандидатски листи за предвремените парламентарни избори. Сепак, СДСМ, ДУИ и ДПА, како што претходно најавија, не го сторија ова. Дополнително, ДУИ поднесе предлог за промена на Изборниот законик. Иако пред само три месеци Уставниот суд се прогласи за ненадлежен на истата тема, овој пат едногласно одлучи да почне со испитување на уставноста на Собраниската одлука за распуштање, а стопирани се и сите активности поврзани со распишаните избори на петти јуни и изборните дејствија што ги презема Државната изборна комисија. Набрзо по јавното обзнанување на Судската одлука, пратениците ја започнаа постапката за измена на Изборниот законик. Со новиот предлог, изборите на 5ти јуни и официјално нема да се одржат но нов датум се уште не е определен.

Паралелно на сево ова, меѓународниот фактор во последниве денови се повеќе притиска за комплетно поништување на аболицијата донесена од претседателот и оживување и имплементирање на Договорот од Пржино.

Like what you read? Give Гласови за демократија a round of applause.

From a quick cheer to a standing ovation, clap to show how much you enjoyed this story.