Image for post
Image for post

Аааа да зборуваме за “BURNOUT”?

Natasa Kostoska
Nov 13, 2019 · 3 min read

Burnout или познат како синдром на согорување, е прв пат опишан во 1974 година како: “Психолошки синдром што се јавува како одговор на континуиран, хроничен, интерперсонален стресор на работно место”.

Во современото општество, синдромот на согорување добива размери на епидемија.

Тоа не значи дека се смета за болест, но за состојба која е реакција на долготрајна изложеност на стрес.

Лицето кое страда од синдромот на согорување е многу ранливо во однос на предизвиците на работаната околина. Забележано е и отежнато функционирање во меѓучовечките односи, заборавеност, експлозивност, грубост, негативен став кон работата, чувство на неадекватност, немоќ и безнадежност.

Се манифестира со силна емоционална и физичка исцрпеност.

А бидејќи денес се е поврзано со парите, тоа значи изгубени работни денови, потрошени пари за лекување / боледување итн.

Што придонесува за burnout?

Зголемување на работните задачи што подразбира повисоко ниво на одговорност, поставување рокови, барање за поголеми напори, месечни таргети, очекуван квалитет и брзина, недостиг на ресурси за работа, недостиг на автономија, недостиг на организираност, недостиг на преглед врз целокупното работење — се само дел од причините кои може да ве доведат до “согорување”.

Како да ги препознаете симптомите на овој синдром?

Поставете си ги следните прашања:

  1. Дали имате проблем да почнете со работа секое утро?
  2. Дали засилено ве иритираат колегите и клиентите?
  3. Дали чувстувате хроничен недостиг на енергија и продуктивност?
  4. Дали се чувствувате потценето?

Синдромот на согорување е поврзан со појавата на напуштање на работното место, односно апсентизам, намера да се напушти работата и вистинско напуштање.

Кај луѓето кои остануваат на работното место пак, согорувањето доведува до намалена продуктивност и ефикасност, намалено задоволство од работата како и намалено залагање за работата.

  • Затоа е битно да не чекате се да ви се собере.

Ако чувствувате некој од овие симптоми, потрудете се да ја погледнете пошироката слика и да превземете чекори кои ќе ви ја зголемат продуктивноста, ќе ви го олеснат секојдневието и ќе резултираат со профит.

Ако мислите дека вработените не се доволно посветени, воведете начини да ги мотивирате.

Ако ви преовладува хаос на работното место, размислете кој чекор би го превзеле за да излезете од истиот.

Градете позитивни ставови.
Побарајте професионална помош за водење на бизнисот.

Покрај примената на техничко-технолошките (колективни и лични), медицинските и законските мерки за заштита на здравјето и безбедноста на работното место, потребно е креирање, развој и имплементација на специфични организациски интервенции и модел којшто вклучува идентификација на проблемот, планирање на активностите, имплементација на активностите, евалуација и рефлексија.

Дигитализацијата не е веќе опција, туку потреба на компаниите и иднина на бизнис секторот.

Го заменува традиционалното водење на бизнисот, непрегледноста, недоразбирањата и грешките на работното место -со софтвер за материјално и финансиско работење кој е паметен, модерен и едноставен.

Таков софтвер е конечно достапен и кај нас, на македонски јазик, прилагоден за македонскиот пазар и воден од македонска фирма. За повеќе детали -како да го вивнете бизнисот до облаци, погледнете тука:

https://ambri.co

ЗАЕДНО ЌЕ ИЗГРАДЕМЕ КОМПАНИЈА ВО КОЈА СИТЕ ЌЕ БИДАТ СРЕЌНИ ДА РАБОТАТ!

AMBRI

Софтвер за материјално и финансиско работење.

Medium is an open platform where 170 million readers come to find insightful and dynamic thinking. Here, expert and undiscovered voices alike dive into the heart of any topic and bring new ideas to the surface. Learn more

Follow the writers, publications, and topics that matter to you, and you’ll see them on your homepage and in your inbox. Explore

If you have a story to tell, knowledge to share, or a perspective to offer — welcome home. It’s easy and free to post your thinking on any topic. Write on Medium

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store