Зошто на Вашиот бизнис му е неопходна онлајн продавница?

Natasa Kostoska
May 11, 2020 · 4 min read
Image for post
Image for post

Дали знаевте дека македонските граѓани потрошиле 176 милиони евра на онлајн купување?

Да, според Асоцијацијата за е-трговија, податоците покажуваат дека е-трговијата во земјава е во пораст, а зголемената понуда на домашниот пазар успева да ги задоволи потребите на македонските онлајн купувачи.

Македонските граѓани во текот на минатата година стекнаа се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, а исто така евидентно е зголемен и бројот на новоотворени онлајн продавници во Македонија.
Конкретно, само во 2019 година, отворени се вкупно 149 нови онлајн продавници.

За 2020 година очекувано е, во најмала рака, бројот да се дуплира а тоа се должи на рапидниот раст на популарноста и користењето на Интернетот, технолошкиот напредок и епидемија каква што немало последните 100 години. Со оваа криза, на некој начин, сите станаваме дигитални номади и се верува дека после истата, навиките кон конзумирање на производи и услуги засекогаш ќе биде променето.

Во ова време, кога купувањето на омилениот производ или услуга може да се оствари од удобноста и сигурноста на домот преку компјутер, мобилен телефон или таблет, се поставува прашањето зошто Вие да немате сопствена онлајн продавница преку која ќе генерирате загарантиран профит?

И покрај сите непобедливи факти и очигледниот раст на онлајн пазарот, во прилог 5 причини зошто ви е неопходно да имате онлајн продавница. Вчера.

1. Добивате пораст на профитот со два чекори:

Го зголемувате бројот на потенцијални купувачи.

Прв и секогаш применлив чекор кој има директно влијание на Вашата профитабилност е зголемувањето на потенцијалните купувачи. Со воведување на онлајн продавница, ова го правите без никаков дополнителен напор. Како?

Луѓето се онлајн а Вашите производи и услуги се достапни 24/7 што значи дека добивате огромен пазар.
Онлајн продавницата ќе Ви даде можност да допрете и да ги понудите Вашите производи или услуги на најразлични клиенти во земјата и странство, без оглед на растојанието и временската зона. Вашата онлајн продавница работи 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Сето ова за многу помал трошок од оној кој го имате за вашата физичка продавница.

Доколку дозволите нашиот вешт и искусен тим да ја креира, загарантирано добивате квалитетна, модерна онлајн продавница која е SEO оптимизирана, респонзивна на сите уреди, брза и едноставна за употреба. Со други зборови, ќе го добиете највредниот продавач кој некогаш сте го имале.

Jа зголемувате конверзијата од потенцијални во вистински купувачи.

Вториот чекор се однесува на тоа дека со онлајн продавницата автоматски добивате поголема стапка на конверзија.
Ако случувањата во последниов период нешто не научија, е тоа дека интернет корисниците уживаат поголема удобност со онлајн шопингот, наместо да трошат часови и часови во потрага низ физички продавници.
Луѓето стекнуваат култура да пазарат додека се дома, на работа или во движење. Многу поголема е веројатноста потенцијалните купувачи да купат производ или услуга онлајн, каде што веднаш можат да ја направат својата нарачка одколку да патуваат, чекаат ред или отварање на некоја продавница.

Претприемништво 101.

2. Ја зголемува довербата и легитимноста на Вашиот бренд:

Со поседувањето на онлајн продавница и добро организирана техничка поддршка , Вашиот бизнис се стекнува со легитимност и зголемена доверба од страна на клиентите.
Преку оваа алатка Вие дополнително ги едуцирате клиентите за Вашиот бренд и истоврмено ја зголемувате интеракцијата со нив.

3. Испробувате нови идеи без дополнителни трошоци:

Ако го развивате Вашиот бизнис со помош на CMS, тогаш можете да тестирате нови идеи и за нив ќе имате инстантен feedback дали функционираат или не. Како?

Да речеме дека воведувате нов производ. Се што треба да направите е да направите добар рекламен материјал (креативи), да го прикачите на сајтот неколку дена и да проверите дали луѓето пројавуваат интерес за тој производ. Со оваа постапка Вие не сте во загуба, туку напротив, овај начин на тестирање е бесплатен.
Без онлајн продавница, доколку сакате да видите дали тој нов производ ќе го привлече вниманието на клиентите, ќе треба да инвестирате во дополнителни маркетинг услуги.

4. Останувате конкурентни во денешното бизнис окружување:

Едноставно е.
Доколку Вашата конкуренција има онлајн продавница, за разлика од Вас, им помагате да бидат повеќе посетени.
Секој еден од нас, кога купува онлајн, прво прави истражување и истиот производ или услуга го разгледува кај повеќе различни компании.
Вие можеби имате производи од врвен квалитет или можеби сте со најпримамливи цени на пазарот, но сето тоа нема да дојде до израз зошто не секој што има потреба од Вашите производи ќе ја посети Вашата физичка продавница. Немањето на онлајн продавница најчесто знае и да даде слика дека не сте успеале да ги пратите новите технологии или се се откажале од можноста да го кренете Вашиот бизнис на следното скалило.

5. Помал ризик, помали трошоци:
Онлајн продавницата Ви овозможува да генерирате профит со помал ризик и помали трошоци од физичката продавница. Како?

Немате трошоци за кирија, вработени, одржување, сметки за електрична енергија, оштетување или кражба на изложени производи итн итн.

Дигитализацијата не е веќе опција, туку потреба на компаниите и иднина на бизнис секторот.
Време е за промена!
Останете конкурентни во денешното бизнис опкружување и пораснете го Вашиот бизнис до облаци со https://ambri.co

Image for post
Image for post

AMBRI

Софтвер за материјално и финансиско работење.

Medium is an open platform where 170 million readers come to find insightful and dynamic thinking. Here, expert and undiscovered voices alike dive into the heart of any topic and bring new ideas to the surface. Learn more

Follow the writers, publications, and topics that matter to you, and you’ll see them on your homepage and in your inbox. Explore

If you have a story to tell, knowledge to share, or a perspective to offer — welcome home. It’s easy and free to post your thinking on any topic. Write on Medium

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store