AMBRI
Published in

AMBRI

ambri.co

8 Совети за Вашата новогодишна бизнис резолуција

Некаде помеѓу завршната сметка, годишниот попис и предновогодишната еуфорија, имавте ли време да ја направите Вашата бизнис резолуција?

  1. Комуницирајте подобро:
    Во суштина, свртете го Вашиот фокус кон квалитетот над квантитетот. Вие можете да постирате и до 10 објави во текот на денот за Вашиот производ или бизнис, но без никаков резултат.
    Наместо тоа, фокусирајте се на објавување интересни и навремени информации што ќе ја охрабрат Вашата публика да комуницира со Вас и да ја споделува Вашата содржина.
  2. Посветете повеќе внимание на клиентите:
    На Вашите лојални клиенти, дајте им до знаење дека сте благодарни на нивната поддршка, нудејќи им бесплатна достава, бесплатен примерок или одличен попуст на одредени производи.
  3. Примете и почитувајте мислење од Вашите вработени:
    Вашиот пласман на пазарот и перформансите на вработените се во тесна меѓузависност. Задоволниот и ценет работник ќе има значаен придонес кон успехот на Вашата компанија.
  4. Кратете ги трошоците:
    Доколку имате банкарски продукт со висока камата, информирајте се за рефинансирање на истиот од банка со пониска каматна стапка.
    Во ова време на голема конкуренција помеѓу банките и небанкарските позајмувачи, имате голем избор и нема причина да продолжите да плаќате високи каматни стапки, посебно ако сте добро квалификувана компанија.
  5. Остварете ги плановите за раст, превземете (пресметан) ризик:
    Кога последен пат сте го прошириле Вашиот бизнис во однос на воведување нов производ или услуга?
    Направете истражување на пазарот и барајте начин за зголемување на приходите кои ги имате од постоечките клиенти (органски раст).
    Во многу случаи, оваа стратегија се испоставила дека е многу полесна и поевтина, одколку да стекнете нови клиенти.
    Доколку Вашата компанија работи добро, можеби е време да се разгледа и опцијата за отварање на нов деловен простор на друга локација. Но пред да превземете било каков чекор, потребно е да изработите добар бизнис план што ќе ви биде патоказ кон успехот.
  6. Бидете лидер а не следач:
    Ова се однесува на конкуренцијата.
    Одличниот производ, навремената услуга, добрата маркетинг стратегија и изборот на квалитетен софтвер за материјално и финансиско работење, имаат големо влијание врз Вашиот бизнис и ви овозможуваат секогаш да сте на чекор пред конкуренцијата. Со ова, ќе имате загарантиран успех.
  7. ДИГИТАЛИЗАЦИЈА:
    Текот на дигиталната еволуција е следниот:
    Прво беа компјутерите, потоа деловните програми, па мрежа и сервер и сега имаме облак (cloud).
    За жал, во нашата земја, бројот на компании кои го водат својот бизнис на традиционален начин е сеуште голем.
    Ако сакате да ги задржите своите конкурентски предности, не смеете да го заобиколите овој дигитален свет!
    Дигитализацијата не е веќе опција, туку потреба на компаниите и иднина на бизнис секторот.

--

--

Софтвер за материјално и финансиско работење.

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store