Интервју со Горјан, Медо и Игор за “Како да се вработиш во компанија како Booking, WeWork, Truecaller?”

SWTA Macedonia
CareerLaunch Blog
Published in
3 min readOct 11, 2016

--

(Ова интервју е дел од серијата лекции и совети од CareerLaunch — саем за започнување кариера во македонски tech и стартап компании.)

Сите луѓе имаат сон да работат во средина каде вработените се вљубени во културата и мисијата на компанијата, постојат огромни можности за напредок во кариерата, како и неверојатни придобивки и бенефиции. Сепак, добра причина да работиш во AirBnb е секоја година да добиваш 2 илјади долари за патување на некоја од локацииите на AirBnb.

Како изгледа патот до вработување во компанија од соништата?

Ги контактиравме Медо, Горјан и Игор да го споделат своето искуство и совети како успеале да се вработат во нивните компании (да, постојат и македонци кои работат за Booking, WeWork и Тruecaller).

Медо од Twitter ја споделува приказната како и зошто одлучи да работи за Truecaller во Европа.

“Моментално во Европа, поточно во Амстердам, Берлин и Стокхолм се случува огромна стар-ап експанзија. Голем број на компании го достигнуваат нивото на северно-американските и се прошируваат на пазари како Индија, Кина, Северна Африка или Бразил.

Логички оваа експанзија е проследена со огромната потреба од квалификуван кадар каде и нашата земја за среќа (или за жал) може да понуди многу квалитетни таленти.

Така се случи и со мене. Ме исконтактира регрутер (најголемиот дел од овие вработувањa одат преку препорака) кој ме убеди да аплицирам за работа во Truecaller. Речиси сите компании кои на овој начин наоѓаат кадар, се подготвени да ги покријат трошоците за релокација на вработениот и неговото семејство во поглед на посредување околу работна дозвола, патни трошоци и сместување.

Процесот на интервјуирање е различен кај сите фирми, меѓутоа искусен инженер би немал потешкотии да го помине тоа успешно.

Колку и да си ја сакаме нашата земја сепак е невозможно било каква споредба со тоа што се случува во големите стартап центри. Замислете дека сте многу талентирани за математика, меѓутоа живеете во мал град кој нема факултет. Ако сакате да научите нешто повеќе ќе мора да се преселите во главниот град. Слично се почувствував како mobile developer во Македонија после неколку години. Логично беше да го прифатам предизвикот да се преселам во Стокхолм за да продолжам со својот развој.”

Иван ги советува инженерите да го споделуваат своето знаење

“Проектите што ги работите по дома, објавете ги на GitHub, ако имате креативно решение на некој проблем пишете краток блог на Medium, ако сте имале интересна соработка или четиво, споделете го на социјалните медиуми, ако сте смениле работна позиција, ажурирајте го вашиот LinkedIn профил.

На тој начин ги зголемувате шансите да ви се укаже шанса. И тогаш ќе барате одговор на прашањето “каде следно”, а не “каде сега”.”

--

--