Зошто не ти требаат инвеститори — уметноста на самофинансирање

Emir Slezovic
Funky Coworking
Published in
3 min readMay 3, 2016

Кога се збори за бизнис и стартапи, често се наидува на оправдувањето дека успехот на бизнис идејата најмногу зависи од финансиите и инвестициите. Иако финансиите се важни, тие сами доаѓаат доколку се остварува успех во развојот на стартап идејата.

Но, како да се развие нешто без инвестиција и финансиска поддршка од ангели, инвеститори или venture capital? Одговор на ова прашање имаат самофинансираните стартапи кои ги градат своите бизниси без трошење на големиот куп на туѓи пари.

Што е bootstrapping или самофинансирање?

Bootstrapping или самофинансирање во бизнисот е изнаоѓање начин на основање и развивање на стартапот или идејата преку користење на сопствени ресурси. Со ограничените ресурси се развива начинот на размислување како да се постигне целта преку размислување “надвор од кутијата”. Познат пример за градење од нула до мултимилионерски бизнис е приказната за Stacy’s Pita Chips.

Кои се предности од самофинансирањето:

  • Не си засегнат од други за твоите одлуки — Со давање на дел од сопствеништвото на компанијата за размена за пари не е еднократна трансакција. Се додека инвеститорите се дел од сопствениците во компанијата, тие ќе бидат засегнати и ќе сакаат образложенија околу твојот прогрес и главните бизнис одлуки. Тоа е како да имаш газда повторно. Доколку стана претприемач за да бидеш сам свој газда, со добивање на големи инвестиции веќе не е така.
  • Искреност —Искреноста е една од работите коишто најмногу ги почитувам кај самофинансираните стартапи. Тие не подлегнуваат на притисокот дека мора да покажат дека имаат раст на “хокеј стап” пред јавноста и дека се оди како подмачкано. Од таа причина, тие не се преправаат и слободно може да бараат совети за да си го подобрат бизнисот.
  • Присилен си да се фокусираш на приходи — Сопствените средства се ограничени и тие може да те осигураат некое време додека го градиш својот бизнис. Сепак, стравот од банкротирање секогаш ќе те мотивира да најдеш начин како да генерираш приходи. Затоа самофинансираните стартапи уште од првиот ден потикнуваат да се размислува како да се прави пари со бизнисот.
  • Учиш што навистина е значајно — Преку самофинансирањето едноставно нема време за експериментирање и тоа овозможува да се зголеми фокусот кон значајните работи кои веднаш ќе ја зголемат вредноста кај клиентот.

Github, Litmus, Logik, Huckberry, Sparkfun, Goldstar се дел од самофинансирани, профитабилни и горди компании со над милион долар во приходи, кои не посегнаа по Venture Capital.

Еден од поинтересните примери е Nomad List — Пиетер Левелс е познат дигитален номад кој патува и работи од различни места, развива bootstrap компании и поседува само тоа што може да влезе неговиот ранец. Nomad List е резултат како дел од неговиот предизвик да развие 12 стартапи во 12 месеци. Во неговиот блог може да се прочитаат неговите искуства во градење на самофинансирани компании.

Доколку сакаш да научиш за занаетот на самофинансирани стартапи, да се дружиш со луѓе кои сакаат да бидат газди на самите на себе тогаш MicroConf е препорачана конференција на оваа тема.

И секако, се гледаме во петок на 15-тиот Funky Coworking.

Доколку ти се допадна овој пост, те молам кликни на малото зелено срце подолу. Тоа би било супер.

--

--