Интервју со Трајче Наков, софтверски инженер во француски стартап.

Emir Slezovic
Funky Coworking
Published in
3 min readApr 27, 2016

Трајче е дел од заедницата на Funky Coworking Friday. Работи 6 години како програмер, со искуство во неколку македонски и странски фирми. Во 2010 година ја брани неговата дипломска работа за програмирање за андроид апликации. Оттогаш активно се развива во тоа поле. Моментално е главниот софтверски инженер за француски стартап, кој развива дигитално решение за луѓе со алцхајмерова болест.

Трајче сподели неколку совети во областа на програмирањето и личниот развој.

Како да станеш подобар програмер?

  • Стекнување искуство во добри тимови со поискусни програмери. Во компаниите каде што работел, тој бил гладен да дознае нови совети и трикови за да се исцрпи знаењето и начинот на размислување на искусните програмери.
  • Секојдневно учење преку блогови и подкасти. Тој користи RSS feed апликација (ReadKit)за да биде во тек со сите новости и технологии во полето на програмирањето и андроид апликациите. За андроид програмери го препорачува Fragmented Podcast и блогот на square, кадешто може да се пронајдат open source ресурси развиени од самата компанија.
  • Подобро да си експерт во една работа, отколку добар во неколку. Трајче советува на фокусирање во една дисциплина и секојдневен развој во таа. Подобрување на вештините и знаењето во таа дисциплина преку константно учење, следење на новости и работа во тој домен.

Кои 3 книги ги прeпорачуваш?

Ја препорачува библијата како основа за клучни животни прашања, “Effective java” и “Android Programming:The Big Nerd Ranch Guide” се книги во областа на развој на андроид софтвер.

Како да се биде различен од другите?

“Пробувам нон-стоп нови работи и експреиментирам за да видам како работат” вели тој. Покрај тоа, тој укажува на градење mindset на креатор, да се има став како треба да се градат и креираат решенијата кои ги бараат претпоставените.

Зашто си дел од Funky Coworking Friday?

Тој ја цени оваа иницијатива заради можноста за ширење на кругот на познаници, како и промената на секојдневната средина.

Како дел од Funky Coworking Friday се организира активност која поддржува споделување на знаења. Посетителите на 14-тиот Funky Coworking Friday ќе имаат можност да поразговараат и споделат мислење со Трајче.

На кои теми очекуваш да разговараш со луѓето на “Talk to Trajche” активноста?

“Тука сум да поразговараме и споделиме мислења за прогамирање, како е да се работи за стартап од странство, како да наоѓаш клиенти, стекнуваш доверба кај клиентите, продуктивност во светот на програмирањето, програмирање на андроид апликации, како да креираш тим и друго.”

Што правиш кога не програмираш ?

Возам точак на планина. А за инфраструктурата во градот се бориме заедно со #НаТочак :)

--

--