Како да се хакне продуктивноста!

Emir Slezovic
Funky Coworking
Published in
3 min readMar 30, 2016

Живееме во динамична ера на брз развој и промени. Често, продуктивноста е клучна за успех на еден тим, организација или индивидуа. Во најголем дел идеите кои луѓето ги имаат за да развијат нешто, остануваат идеи, бидејќи сепак “Execution is the Game!”.

Ви претставуваме неколку совети за продуктивност.

Борбата со константните прекини.

Најголемите непријатели на продуктивноста се прекините. Во работната средина може да постојат мали моменти кои го одвлекуваат вниманието и фокусот. Доколку се случи прекин на сред работна задача, потребни се 23 минути и 15 секунди за да се врати фокусот во претходната задача. Повеќето луѓе најголем дел од работата ја завршуваат во текот на ноќта или во раните утрински часови. Не е случајност тоа што овие се периоди кога луѓето се сами и нема никој друг околу. Во книгата Rework советуваат дел од работниот ден да се одреди за изолирано и непрекинато време на работа. Тоа може да се направи преку поставување правило на работа од 10:00 до 2:00 попладне да не се запаѓа во муабетење кое дефокусира од работа. Важно е цело непрекинато време на работа да се изолира од сите пораки, телефонски, повици, проверка на е-маил и состаноци. Нека се седне и заврши најважната работа на денот.

Perfect is the enemy of done.

Многу од задачите бараат едноставност. Тоа значи дека нема потреба од перфектен резултат. Често стремежот кон перфектност знае да ја заглави работата. Можеби овој пристап нема да наиде на воодушевување, но овозможува да се продолжи со работа и да се иде према завршување на главните задачи. Кога “доволното добро” е прифатливо и ја завршува работата, нека се продолжи така.

Не треба повеќе работа, туку поставување приорети

Наместо вклучување во многу активности, се бара фокусирање на приоритетите. Оттука, треба да се научи и кажува “НЕ” на работи кои се привлечни, но не се приоритет. Tim Ferriss во 4-hour workweek потенцира на фокусирање на 20 проценти од работата кои ги носи 80 проценти од резултатите. За оваа цел може да се искористи алатката Trello за потсетување на задачи кои се важни и итни во било кој даден момент.

Состаноци

Не организирај состаноци без чиста агенда. Не се препорачува состанок да трае повеќе од 30 минути. Да не се дозволи главење низ празни муабети. Сите луѓе се зафатени, состанокот нека се сведе на директно разговарање на најважните поенти и пронаоѓање решение.

Опрема за фокусирана работа

Ние како Funky Coworking препорачуваме “remote” начин на работа. Предлагаме опрема кадешто можеш да бидеш продуктивен додека работиш од кафе барови, од дома или coworking простори. Слушалки со изолазија од бучава би биле од огромна корист.

“Денот по утрото се познава”

Воспоставување навика и ритуал за полнење на батериите за денот што те чека. Сите сме различни типови на луѓе и истите навики и рутини не можат на секого да направат поубаво да се чувствува. Утрото може да се почне со џогирање, медитација, пишување на дневник или пиење кафе со најблиските. Пронајдете го ритуалот којшто би направил boost за да се чувствувате убаво за сите обврски кои чекаат да се извршат во текот на денот.

--

--