Моето coliving искуство. Сакам пак!

Emir Slezovic
Funky Coworking
Published in
3 min readMay 17, 2016

--

Мојот интерес за coworking и градење на заедница на професионалци ме натера да бидам дел од rebuilding camp во Sende. Сенде е рурален coworking и coliving простор во Северна Шпанија кој има претворено стари куќи во Галиција во креативни простори оптимизирани за соработка и работење. Како дел од нивната програма на активности, тие вклучуваат фестивали за цртање, meetup-и, разни хакатони, меѓународни младински размени и тренинг обуки.

Искуството од “Sende Rebuilding Camp” ми покажа што вистински значи coliving, како изгледа во реалност и какви кул работи може да се случат кога 7 креативци живеат заедно.

Coliving е форма на споделување на простор за живеење во заедница со други “likeminded” луѓе.

Во таков простор бевме и ние: Фреска од Калифорнија, Сандро од Португалија, Харис и Јанис од Грција и јас од Македонија на гости кај Едо и Марија од Сенде. Наша цел беше да реновираме дел од просторите на Сенде.

Тука ќе споделам што научив од моето coliving искуство:

  • Coliving, идеално место за нови идеи и изработка на минимум производ (Minimum Viable Product)

Coliving искуството ја носи можноста да се живее во нова средина со нови луѓе. Во Сенде јас бев опкружен со сериски претприемач, софтверски инжинер за стартап од Сан Франциско, фриленс графички дизајнер и луѓе што патуваат. Времето поминато со овие луѓе го предизвика моето размислување. Тука искусив не само идеален амбиент за нови идеи, туку и работење на нив.

Во 7-те дена 2 минимум производи беа креирани. Едниот од нив беше иницијатива за coliving простор во Португалија каде што веќе беше изградена веб страната,а вториот е онлајн курс за програмирање кој скоро целосно се дизајнираше во 7-те дена поминати на coliving.

Живеејќи во село со нови луѓе ме изолираше од секојдневните вести и работи кои влијаат на мене додека сум дома. Тоа ми помогна да бидам помалку декоцентриран од секојдневните грижи. Перфектна атмосфера за фокусирање и завршување на работа.

  • Co-creating vs solo-creating

Во 7-те дена градевме за другите. Го реновиравме просторот кој ќе се користи за организирање настани и различни активности. Новиот простор ќе биде на располагање за сите луѓе кои ќе го посетат Сенде во иднина. Со овој пристап на заедничко градење, луѓето имаат чувство на сопственост како што сум сега јас дел од приказната на Сенде.

Заедничко креирање не само што ги намалува трошоците, туку и ги претвара твоите клиенти во партнери. Овој пристап покажува многу работи можат да се креираат заеднички отколку насамо. Coliving е само еден пример и верувам дека многу други проекти може да се крираат во соработка.

  • Заедница за лично исполнување

Ние бевме 7 странци кои поминаа 7 дена заедно во мал круг. Се запознавме подобро бидејќи заедно работевме и поминавме долго време споделувајќи лични приказни и идеи. За мене еден од најдобрите моменти беше заедничката вечера.

На крајот се чувствувавме како мала фамилија. И тоа е вистинско значење и чувство на заедница.

Доколку ти се допадна овој пост, те молам кликни на малото зелено срце подолу. Тоа би било супер (:

--

--