Сакаш да бидеш подобар во твојата работа. Медитирај!

Emir Slezovic
Funky Coworking
Published in
2 min readMar 1, 2016

Се повеќе и повеќе компании ги користат придобивките од медитација. Многу од Fortune 500 компании, вклучувајќи ги Google, Yahoo, Apple, Nike, HBO овозможуваат медитациски и mindfulness работилници за нивните вработени. Голем број на славни личности и врвни директори велат дека медитацијата им помогнала да станат подобри лидери.

Медитација не е само за внатрешниот мир, туку и за напредок и успех.

Моменталниот динамичен животен стил вклучува стрес, преоптовараност со информации и добар сон е секогаш потребен.

WeWork members meditate at the company’s headquarters. Credit Cole Wilson for The New York Times

Постојат придобивки околу медитацијата која е директно поврзана со работење:

Пониско ниво на стрес — со медитирање може да се намали нивото на стрес хормонот -кортизол во телото.

Когнитивни вештини— само 20 минути медитирање дневно може да го зголеми фокусот и подобро процесирање на информациите под временско ограничување.

Некои техники на медитација може да го подобрат креативното размислување.

Подобар перформанс во работата — медитацијата не учи како да ги контролираме контрапродуктивните нагони.

Tim Ferriss, познатиот автор на книгата 4-hour work-week ја препорачува медитацијата и ја користи како рутина во неговите утрински и навики пред спиење.

Како да почнеш сам со медитирање.

Ви ги препорачуваме следните алатки коишто ќе ви помогнат доколку сами сакате да научите да медитирате.

Headspace и Calm app се IOS и андроид апликации коишто ве водат во учењето за како да се медитира. Бесплатните верзии се ограничени. Целосните верзии вклучуваат сесии на медитација за подобра поврзаност со другите, подобар перформанс, здравје и за нив има претплата.

Ви ја препорачуваме Tara Brach кадешто може да се пронајдат разновидни бесплатни ресурси од книги, CD-а, блог постови и подкасти кои би помогнале во патот за подобра медитација.

--

--