Студиото кое што ќе ти ја направи средината поинспиративна

Emir Slezovic
Funky Coworking
Published in
3 min readMar 13, 2016

“GET INSPIRED EVERYDAY” e слоганот на Frame This. Ова е проект на мало дизајн студио во Скопје коешто со нивните постери сакаат да ja инспирираат домашната или работната средина.

Здружен со девојка му и брат му, креативецот Јане Димески го започна овој проект.

“Барав начин како можам да избегнам креирање дигитален продукт и да креирам физички прозивод. Иако е дизајн, да биде нешто што би можел да го купиш и добиеш дома.” — вели Јане.

Желбата за дизајнирање физички производ го натера тимот да почне да дизајнира инспиративни постери. Постери, кои се наменети за стартапи, млади луѓе и интериор дизајнери.

Јане Димески — ко-основач на Frame This

Во почетокот на Frame This, студиото размислуваше за принтање и пакување на постерите во Македонија. Знаејќи дека Македонија е мал пазар, овој пристап покажа дека нема да биде исплатливо печатењето на квалитетни постери и ќе има големи трошоци за испорачка надвор од Македонија.

Затоа студиото оствари соработка со Big Cartel- платформа за поставување на online продавници за креативни бизниси и артисти- и Printful, компанија за принтање на сопствен дизајн и нивна испорачка.

Првите кои ја подржаа иницијативата беа самите Big Cartel кадешто првите посетители дојдоа од објавите на самата платформа. Засега најголемиот број на клиенти се во САД и Канада, со најголеми порачки од регионот поврзан со стартапи, Калифорнија.

“Како студио не сакаме да креираме постери со цитати коишто ги гледаш на секој чекор, туку да споделиме несекојдневни цитати” — вели Јане.

Постерите се со минималистички дизајн од автори кои не се mainstream. Самите избрани цитати и автори ги промовираат вредностите на независно дизајн студио со алтернативни и инспиративни производи.

Еден од најпопуларни постери е со цитат “Buy the ticket- Take the ride”. Самиот автор на овој цитат, Hunter S. Thompson има влијаено на луѓето кои се дел од Frame This.

Еден од новитетите на студиото е постер со цитат на Gary Vee којшто наскоро ќе биде пуштен во продажба.

Знаејќи ја големата цена за испорачка во Македонија, студиото посоветува да се контактира доколку некој е заинтересиран за нивните постери.

Самиот Јане, ко-основачот на Frame This го посетува Funky Coworking Friday затоа што тука е опкружен со креатори. Funky Coworking Friday му овозможува простор кадешто ја раздвижува креативноста еден ден во неделата. Oвој настан му дозволува да сработи, но и да запознае извонредни луѓе кои што нема да ги сретне на друго место.

--

--