Фанки Bookmix #1
Книгите влијаеле на успехот на најголемите иноватори како Elon Musk, Steve Jobs, Mark Zuckerberg итн. На Funky Coworking се собира заедница на луѓе кои ја обожаваат својата работа. Не интересираше кои се книгите кои ги имаат инспирирано луѓето кои доаѓаат на Funky Coworking.
Оттука заедно ја креиравме Фанки Bookmix. Се надеваме, дел од книгиве ќе ве поттикнат да прочитате нешто ново во претстојниот период.
“Ја препорачувам “Zero to One” затоа што во книгата се збори за тоа како светот да се движи напред со иновација наместо копирање на веќе постоечкото. Во книгата се зборува колку е важна иновацијата и кај да се гледа за да се постигне истата”
Волхан — стартап ентузијаст
““Living to Tell the Tale” ме натера да бидам новинар. Маркез пишува за неговите новинарски авантури низ Латинска Америка, за дружење со Фидел Кастро, за револуцијата во Куба. Како новинар бил во центарот на сите важни случувања. Сакав и јас да знам за светот, и се решив да се запишам во Македонски институт за медиуми. Не мора да сакате новинарство за да прочитате автобиографија на еден од највлијателните писатели ever!” Виктор — it.mk
““The psychology of Selling” не е толку инспиративна колку што е практична. Продажбата е една од главните работи во скоро секој бизнис и за таа цел ја препорачувам оваа книга. Многу практични примери кои ќе помогнат да ја разберете психологијата на продажбата.”
““Whatever you Think, Think the Opposite” ја препорачувам бидејќи има многу несекојдневен формат на кој е напишана и те предизвикува да размислуваш out of the box. Сите книги на авторот се кратки ремек дела кои сметам дека секој поединец со претприемачки афинитети треба да ги чита барем еднаш годишно.”
“Ја препорачувам “You are not so Smart” на секој што сака да научи и да стане свесен за когнитивните предрасуди и логички грешки што се јавуваат кај секој од нас.”
Kitze — web developer
“Ja издвоjувам “Getting Real”, од 37signals. Таму се запознав со концептот на “Minimum Viable Product”, кој ми даде знаење да ги гледам дигиталните производи со тенденција што може да се одземе, а не додаде, тоест, не секоја надградба како по инерција значи и дополнителна функционалност. Понекогаш, одземањето на непотребни функционалнисти го подобруваат производот.”