Цензура е кога не можеме да кажеме „ало“

„Кога вистината е заменета со тишина, тишината е лага.“ — Евгениј Ефтуштенко

На 10.12.2014 год. за време на вториот студентски марш во Скопје во определен период немаше мобилни мрежи.

Во неговото известување Т-Мобиле инсистира дека имало техничка грешка, што секако влијаело и на функционирањето на другите оператори. Од друга страна, многумина се посомневаа дека станува збор за намерен прекин како последица на притисок или барање на Владата на РМ. Но, причините поради немаше мобилни мрежи во моментов се помалку важни.

Тоа што е важно е дека како последица на прекинот во Македонија за време на студентски протест се случи цензура. Цензурата по дефиниција е потиснување на говор или друга форма на комуникација. Нема ништо повеќе, нема ништо помалку.

Секој обид да се објаснува дека прекинот бил мал или незначаен е обид за маскирање на вистината. Дури и прекин од 1 минута што ме спречува да им се јавам на пријателите и да им кажам „Дојдете, сите се тука.“ е потиснување на комуникациите. Секоја неможност да ја остварам комуникацијата предизвикува загриженост и страв.

Поинакво објаснување не е можно.

Објавено на Окно: http://okno.mk/node/43044

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.