5g network sci-fi image

ПЕТТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА МОБИЛЕН ИНТЕРНЕТ 5Г

Aleksandar Kachakovski
In science we believe
5 min readApr 20, 2020

--

5г или петтата генерација на мобилен (бежичен) интернет развиена од компаниите како Qualcomm technology, Huawei, Ericsson, Nokia, Hisilicon е најексплицитна тема во денешницата на сите медиуми, како ширум светот, така и кај нас. Секојдневно преку социјалните мрежи и јавните дебатни емисии луѓето се преплавени со безброј статии од кои некои го поврзуваат 5гто со ширење на корона вирусот (Covid-19), или пак фатален ефект на одреден тип на птици по поставување на антени во одредени локации. Колку од овие информации се користат за манипулација и колку светот има реално истражено е мистерија. Во прилог дел од констатациите на истражувања кои се одвиваат во светот кои можеби ќе помогнат одредена заинтересирана публика да го прошири своето знаење или дополни моето.

1.Бизнис моделот позади 5г

Позади секоја иновација и унапредување во модерниот капиталистички свет постои бизнис модел кој ја оправдува издржливоста на инвестиција и истражување, а така е и со 5г мрежата. Се појавува како финално истражување спремно за тест и спроведување во 2018 година, самото откривање и статистиката покажуваат дека водечки земји во оваа технологија се Јужна Кореја, Америка, Кина. (https://www.businessinsider.com/global-5g-landscape-report) Овие земји го презентираат бизнис моделот како круцијален во развитокот на streaming сервисите, паметните коли кои комуницираат една со друга, како и IoT- Internet of Things — паметни фабрики, домови, паметни градови, болници и сѐ што би користело големо количество на информации за да донесе одлука за брзо време. Реноминираното светско списание “Business Insider” објави статистички податок дека лидерите во оваа технологија очекуваат и целосна имплементација на истата до 2025 година.

Техничките истражувања покажуваат дека инвестицијата за да се покрие Америка со мрежа која ќе овозможува 5г интернет ќе биде искажана во трилиони американски долари, воедно илјадници пати поскапа од 4г. Инфраструктурата за користење на 5г мрежата е антена на секоја 10–20 куќа во високо населена локација. Кога би се пресметало за Америка, би чинела 800$ по глава на жител во високо населените градови, а 40 000$ по глава на жител во руралните средини. (A.Nathan(2020);Harvard University, The Graduated School of Arts and Science)

Телефонските оператори ќе треба преку своите корисници да ја наплатат „услугата 5г” или побрз интернет. Според бизнис аналитичарите од Харвард бизнис школата, компаниите ќе треба да користат високи маркетиншки трикови за да ги убедат корисниците да платат за оваа нова услуга, со цел да можат да ја реализираат иницијалната висока инвестиција. Дали корисниците би биле подготвени да платат 20$ месечно за паметен тостер, кој ќе може да го контролираат со паметен часовник и тоа за 2 до 3 секунди побрзо? — Сега за сега е сценарио кое е помалку веројатно да се случи.

2. Предностите на 5г мрежата и потребната инфраструктура

Развивање на мобилната мрежа од 1979 до 2020. Извор: A.Nathan(2020);Harvard University, The Graduated School of Arts and Science

За човештвото да премине од брзина на 60 мегабити во секунда до 2+ гигабити во секунда, размерот на оддалеченоста на една антена од друга се намалува, затоа што размената на сигналите треба да е многу многу погуста. 4г антените разменуваат сигнали во различни насоки и користат подолги (не толку фреквентни) бранови за размена на сигналот, за разлика од 5г антените кои носат строго насочени сигнали користејќи повисока фреквенција на комуникација и пократки сигнал-бранови, овозможувајќи огромна брзина дури и на премногу прикачени уреди.

Затоа 5г брановите не патуваат далеку како 4г и се потребни повеќе антени погусто поставени, во просек на 152 метри оддалеченост една од друга.

3. Микромилиметарските бранови носители на 5г мрежата, главна тема на истражување

За 5г мрежата да биде достапна во Калифорнија во високо населените области потребни се повеќе од 50.000 нови антени кои би ги изложиле луѓето на нови извори на радиофреквенциско зрачење вклучувајќи и милиметарски бранови (MMW). Главното објаснување на 5г мрежата доаѓа со објаснување на милиметарските бранови кои се појавуваат при висока фрекфенција потребна за функционирање на мобилните телефони.

Милиметарските бранови се еден вид на електро магнетни зрачења со бранова должина од 1–10 милиметри (па оттука и името микромилиметарски бранови) и фреквенции од 30–300 Ghz (или милијарди циклуси во секунда). Милиметарски бранови се многу поразлични од досегашните бранови кои се користат со ниски опсези, милиметарските бранови ќе можат да префрлат огромно количество на информација на кратка релација за многу кусо време и без големо доцнење. Дел од силата на милиметарски бранови може да биде блокирана од згради и зеленило. Исто така, брановите можат да се рефлектираат на метални површини.

4. Човековото здравје во прашање?

По запознавањето со милиметарските бранови, време е да се објасни нивното дејство врз човекот. Милиметарските бранови (MMWs) главно се апсорбираат во рамките на 1 до 2 милиметри човечка кожа и во површинските слоеви на рожницата. Бидејќи кожата содржи капилари и нервни завршетоци, био-ефектите од микромилиметарски зрачења може да се пренесат преку молекуларни механизми од страна на кожата или преку нервниот систем со човечкото тело. Постојат два типа на ефекти кои ги придонесуваат милиметарските бранови термални и нетермални, истите тие зависат од јачината на густината на брановите, па оттука констатираме дека термалните се бранови со јачина на густина од 5–10 mW/cm2 (миливати на метар квадратен) а нетермалните помалку од 5 mW/cm2.

Максималната дозволеност на човечка изложеност на овие бранови која е пропишана уште во 1996 од Федералното телекомуникациско здружение на Америка е 1.0 mW/cm2 (1.0 миливати на метар квадратен) и тоа во просек 30 минутна изложеност на радио фреквенција од 1.5Ghz-100Ghz. Овие упатства се пропишани за заштита на луѓето од акутна изложеност на термално ниво на радиофреквентно зрачење кое се појавува на 5–10 mW/cm2. Сепак не се пропишани стандарди кои би ги заштитат луѓето од нетермалното радиофреквентно зрачење, кое се појавува со долга изложеност на радиофреквентна радијација која ја користи 5г мрежата или 1.0 mW/cm2.

*Пример: Доколку милиметарските бранови (од 1.0mW/cm2) би биле 5–10 mW/cm2 би резултирале со болка од горење и физичко оштетување на кожата и рожницата.

Со 5г, човештвото за прв пат ќе се соочи со долготрајно (интензивно) зрачење од микромилиметарските нетермални бранови. За жал, досега нема никакво истражување каде што е докажано како реагираат нетермалните милиметарски бранови на човекот кога човекот е на толку густо-честа изложеност од нив. Исто така не е докажано како милиметарските бранови потребни за 5г реагираат во комбинација со други на човечкото тело. Резултатите на досегашните истражувања отскокнуваат многу едни од други. Одредени истражувачи презентираат факти дека овие зрачења влијаат на стопирање на размножувањето на клетките, па дури и доведување на нивна смрт, а други пак дека немаат никаков биолошки ефект.

Покрај минималните информации кои ги има за влијанието на милиметарските бранови кон човекот исто така истражувањата сеуште го немаат докажано влијанието на 5г мрежата кон микро биолошките организмите, растенијата и животните.

5. Заклучоци од истражувањата за домашна имплементација

Кога би го разгледале бизнис моделот и ефектите кои би можеле да настанат со употреба на 5тата генерација на мрежа, ние како држава би требало да се размислиме дали вреди да бидеме пионери во оваа трка помеѓу земјите лидери. Дали во Р.С. Македонија имаме инфраструктура или можост за развивање на самодвижечките автобомобили и дали нашите државни институции и компании користат развиени софтвери кои применуваат вештачка ителигенција за донесување одлуки каде што 5г ја дава главната предност?

Автор: Александар Качаковски

--

--

Aleksandar Kachakovski
In science we believe

MSc at University of Ghent in Business Economics- Marketing, a certified business analyses fellow at HBS, a technology lover with high passion for science.