Парадокс на „јавното“

Edvard Kardelj Jr.
Letters on Liberty
Published in
3 min readSep 20, 2016
Она кога ќе добиеш инсипрација за колумна во вторник во 1 сабајле

„Природниот развој на работите е слободата да се намалува а Државата да зазема се поголем простор“ — Томас Џеферсон, 1788

Неколку тези пред спиење, онака вторнички:

Исполитизираноста на едно општество може да се смета како индикатор истото колку е „заболено“.

Сигурно познат ви е муабетот како во Швајцарија ретко кој го знае Јохан Шнајдер Аман (патем, Претседателот на Швајцарија). Зошто? Бидејќи повеќето имаат попаметна работа од политика.

Ми се чини дека што повеќе етерот е заситен од политичари, аналитичари, академци, разни стручњаци за „општествени работи“, итн. е знак дека работите не одат во добра насока. Ова е знак дека преголем број на функции зависат од Државата и се трансферирани од сферата на граѓанството и приватниот сектор во сферата на политиката (државното, „јавното“). Зошто е ова лошо (?!) во некоја друга прилика иако претпоставувам моите 10 читатели веќе го знаат одговорот.

„Професионализација“ на политиканството

Како Државата станува се поголем фактор во општеството, се повеќе и повеќе изискува „политичка специјализација“ (посвета на време, енергија, знаење на политичките процеси и политики).
Оваа политичка специјализација пак ефективно ги ИСКЛУЧУВА од политичките процеси токму оние кои ја ФИНАНСИРААТ Државата — приватниот сектор, односно претприемачите, работодавачите и работниците! Едноставно, ако работиш 8 саати на ден премалку време и енергија останува за посвета на општествено-политички теми особено во споредба што го имаат академците, политичарите, невладините.

Парадокс на „јавното“

Целата ситуација води кон што поголема потреба од „претставници“ на граѓаните, односно од претставничка демократија во која граѓаните немаат никаква можност за контрола на „претставниците“. Со ова ефективно се укинува врската помеѓу претставниците и претставените. „Јавното“ е всушност приватно — само што е јавно финансирано. „Претставниците“ не претставуваат никој освен себеси.

Може ли „директната демократија“ (или, повеќе демократија воопшто) да биде лекот?

Ова е прашање кое бара поголем одговор,но, накратко, мислам дека Славој Жижек е во право кога во една прилика вели дека не сака да живее во општество во кое секојдневно ќе треба да решава политички прашања, односно дека е потребен автоматски механизам за решавање на општествените прашања како што е пазарниот механизам во капитализмот.

Со други зборови, иронично, но, во услови на голема Држава, големо прашање е колку би функционирала и директна демократија. Ретко кој сака да го помине повеќето од своето слободно време со политика.

Политизирање на граѓанскиот сектор

Големата Држава ја создава потребата за граѓанско општество како продолжена рака на политичките партии - кое во слободно општество би извршувало претежно социјални функции (образование, здравство … ). Во исполитизирани општества, граѓанскиот сектор врши улога на контролор на власта (која има и официјални контролни механизми платени од даночните обврзници). Иронично, невладините уште помалку имаат feedback за потребите на граѓаните и колку истите ефективно ги бранат имајќи предвид дека не одговараат пред никого (со исклучок на неколку големи донатори, кои пак не одговараат на никој).

Со други зборови, ниту контролорите на контролите на „претставниците“ на граѓаните не ги контролира никој.
Ниту одговараат пред некој.

nope, it’s not. At least not in societies with large State

All and all, овој зачаран круг и циркус во кој никој не претставува никој освен себеси — а граѓаните дебело плаќаат да бидат „претставени“ во политичките процеси — е она што го нареков (yap, сега, пред 2 мин.) Парадокс на „јавното“.

Заклучок

За проблемот Big State нема лек.

--

--