10 политики кои сакам да ги видам во изборните програми — како за почеток

1. Сет на силни политики / мерки насочени кон контрола на моќта на власта (особено институции како ДБК).

За почеток добро е сите контролни институции — од СЈО и ЈО, до државните ревизори и антикорупционерите — да бидат предводени од луѓе избрани по предлог на опозицијата и експертскиот граѓански сектор.

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : СДСМ.

2. Ослободување на медиумите, но и отворање широка дебата за потребата од МРТВ во ерата на интернетот, социјалните медиуми и еден куп приватни телевизии.

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : СДСМ.

3. Намалување на јавниот долг до одржливи граници од околу 30% од БДП, преку економски раст и оптимизација на трошоците на Државата (а не преку покачување на даноците на граѓаните!).

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : ВМРО за Македонија / Коалиција за промени и правда.

4. Да се задржи рамниот (низок!!!) данок.

Сепак, тука има простор за подобрување. На пример, секој кој заработува плата до 12,000 ден. да биде ослободен од данок на доход (со покачување на месечното даночно ослободување). Дополнително, да се подготви „конзервативен пакет на даночни ослободувања“ — на пример, првата година откако едно семејство ќе добие/посвои дете да си го добијат целиот износ назад што би го платиле како данок на доход во нормални услови. На крај, стимулација за микро фирмите за да застанат на нозе — гратис година, односно цела 2017 да имаат 0% данок на добивка.

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : ВМРО за Македонија

5. Сет политики / мерки за рационализација на државната администрација.

За почеток, да се прогласи мораториум на нови вработувања во државна администрација, минимум до 2020 година. Луѓето кои ќе си одат — пензија, отказ — не се заменуваат. Дополнително, да се подготват стимулативни пакети за оној кој ќе одлучи доброволно да ја напушти администрацијата.

После 2020 се укинува државната агенција за вработување и оваа услуга се аутсорсува на светски реномирана приватни HR агенции.

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : /

6. Сериозна регулаторна гилотина. До корен. Да се остави народот слободно да си го заработи лебот.

Не бива „нео-либерализам“ со ијладници закони и инспекции, нели?!Да продолжи регулаторната гилотина каде што застана во 2008 година (секако, со претходно определени очекувани резултати). Секоја законска одредба која би се определила како непотребна и скапа за бизнисот а притоа без сериозни позитивни ефекти за здравјето или заштитата на потрошувачите, оди во канта. Инстант. Не може оние кои се моторот на економијата — бизнисите и претприемачите — да ги оковуваме со илјадници забрани и потоа да очекуваме да водат успешни компании, да плаќаат добри плати и да ја полнат државната каса.

За земја од 2 милиони жители Македонија има околу 3,600 закони, 27,000 подзаконски акти, односно 550,000 страници регулатива! Не само што треба да се спроведе регулаторна гилотина, туку поважно е да се спречи трендот на законско регулирање на секој сегмент од нашето живеење! Крајно време е да ги изрегулираме регулаторите!

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : ВМРО за Македонија.

7. Да се дозволи отворање на приватни основни училишта (од компании и непрофитни организации) и да се воведе ваучерски модел по урнекот на Шведска.

Со оваа коренита реформа ќе се обезбеди поголема достапност до образовните услуги за сите. За прв пат во историјата на Македонија сиромашните семејства ќе имаат еднаков пристап до квалитетно образование како и децата од богатите семејства.

Секој родител ќе добие ваучер во одреден износ кој ќе ги покрие 50% трошоците за основно и средно образование во училиште по нивен избор, без разлика дали е приватно или државно (100% за сиромашни семејства и семејствата со деца со посебни потреби). Ова ќе го зголеми изборот и опциите на родителите а и приватните школи ќе станат достапни за што поголем број семејства. Истворемено пак, ова ќе води кон зголемување на конкуренција за привлекување ученици.

Со цел да се поттикне отворањето нови школи од страна на прифатни и непрофитни организации треба да се воведе 0% данок на добивка за првите 3 години.

Не треба да се плашиме да отвориме дебата за пошироки иновации во образованието од типот на експериментирањето во Финска, стручните школи во Германија, итн. Мораме да ги отвориме овие теми храбро и без идеолошки препреки кон секоја потенцијално добра реформа бидејќи образованието ни пропаѓа на секое ниво!

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : /

8. Целосна легализација на марихуаната.

Веднаш. Сите научни докази покажуваат дека марихуаната има голем медицински потенцијал, додека пак искуствата од другите земји покажуваат дека легализацијата на марихуаната води кон одговорно конзумирање, нови даночни приходи додека пак се намалува криминалот со дрогата.

Притоа, секој кој ќе отвори легален бизнис во оваа област да биде ослободен од плаќање данок на добивка во првите 2 години.

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : ВМРО за Македонија / Левица.

9. Легализација на истополни бракови.

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : ?

10. Реформа на здравствениот систем во насока на приватизација на се што е државно (Државата треба да ја задржи својата улога како обезбедувач на ПРИСТАП за сите граѓани до медицински услуги — а не снабдувачи на истите).

Партија со најголема веројатност да ги реализира политиките (или да тежнее кон реализација) : /
Like what you read? Give Edvard Kardelj Jr. a round of applause.

From a quick cheer to a standing ovation, clap to show how much you enjoyed this story.