[notes] The Fatal Conceit, F. Hayek

Edvard Kardelj Jr.
Letters on Liberty
Published in
10 min readSep 14, 2020

1-sentence summary: Hayek on spontaneous order.

Вовед

1. За да се разбере нашиот поредок, треба да се разбере дека поредокот не е резултат на човечки дизајн или намера, туку дека тој спонтано се појави од ненамерното приспособување кон определени традиционални и во голем дел, морални постапки.

2. Централна улога во овој текст, бидејќи го опфаќа основното прашање на кое се обидува да одговори: како нашата моралност се појавува и кои импликации може нејзиниот развој да ги има врз нашиот економски и политички живот?

3.Еволутивната теорија на моралот — нашиот морал не е ниту инстинкт, ниту креација на разумот, туку е сочинет од присвоена традиција, „помеѓу инстинктот и разумот“, традиција со вчудоневидувачка агилност која ни овозможува да се приспособиме на проблемите и опкружувањата кои далеку ги надминуваат нашите рационални капацитети. Нашите морални традиции, како многу други аспекти на нашата култура, се развиени истовремено со нашиот разум, а не како негов производ.

Глава 1: Помеѓу инстинктот и разумот

1. Според древните мислители, невозможно е да постои поредок на човечките активности како трансценденција на визијата на еден наредбодавен ум. Дури и Аристотел, кој се појавува доста подоцна, се уште веруваше дека поредокот би можел да се прошири само дотаму каде што може да достигне гласот на гласниците…примитивните луѓе биле предводени од конкретни заеднички согледани цели и со заедничкото гледиште за опасностите и можностите — главно за изборите на храна и засолниште — во нивното опкружување. Тие не само што можеа да го слушнат нивниот лидер, тие вообичаено го знаеја лично.

2. Примитивните модели на координација пред се зависеа од инстинктите на солидарност и алтруизам — инстинкти кои се однесуваат на членовите од една група, но не на другите. Примитивниот индивидуализам , опишан од Томас Хобс, според тоа е мит. Дивјакот не бил самотник и неговиот инстинкт е колективистички. Никогаш не постоеше „војна на сите против сите“.

3. Она што главно е одговорно за генерирањето на ова исклучително уредување и постоењето на човештвото во неговата сегашна димензија и структура, се правилата на човечкото однесување кои постепено еволуирале (посебно оние кои се однесуваат на сопственоста, чесноста, договорот, размената, трговијата, конкуренцијата, добивката и приватноста).

4. Постоиме во една голема рамка на институции и традиции — економски, законски и морални — во кои се вклопуваме со почитување на одредени правила на однесување кои никогаш не сме ги создале и кои никогаш не сме ги разбирале целосно, во онаа смисла во која разбираме како функционираат работите кои самите сме ги создале.

5. Сите цивилизирани групи во моментот изгледа дека поседуваат сличен капацитет за стекнување цивилизација преку усвојување одредени традиции. Според тоа, тешко изгледа можно дека цивилизацијата и културата се генетски одредени и пренесени. Тие треба да се научат преку традицијата.

6. Попер: културната еволуција ја продолжува генетската еволуција преку други средства.

7. Одлучувачката промена од животно до човек се должи на културно-одредени ограничувања на вродените инстинкти.

8. Структурите на развиениот поредок се создадени не само од поединци, туку, исто така и од многу под-поредоци кои често се преклопуваат и во кои старите инстинктивни реакции, како што се солидарноста и алтруизмот, продолжуваат да важат преку подржување на доброволната соработка и покрај тоа што тие се неспособни самостојно да бидат основа за модерна економија. Нашата сегашна тешкотија делумно е во тоа што ние мораме постојано да го приспособуваме сопствениот начин на живеење, нашите мисли и емоции, со цел симултано да живееме во различни видови поредок според различни правила.

9. Тешко може да се очекува луѓето да го сакаат развиениот поредок кој се одвива во спротивност со некои од нивните најсилни инстинкти…поредокот е дури „неприроден“ според вообичаеното значење за несогласување со човечките биолошки дарби. Тој е вештачки, само во смисла во која нашиот јазик, уметност и разум се „вештачки“ — тие не се генетски вградени во нашата биолошка структура.

10. Идејата за фатална вообразеност : идејата дека способноста да се стекнат вештини потекнува од разумот. Реалноста е сосема поинаква: нашиот разум е исто толку резултат на процесот на еволутивна селекција, колку што е и нашиот морал.

Потеклото на слободата, сопственоста и правдата

1. Ако сопственоста е срцето на моралот на било каква напредна цивилизација, древните Грци изгледа дека биле првите што увиделе дека таа е исто така, неразделна од индивидуалната слобода.

2. Идејата на индивидуалната сопственост се појавила многу рано во цивилизацијата, а можеби соодветен пример за тоа се првите рачно изработени алатки (капитал).

3. Ниедна напредна цивилизација досега не се развила без власт чија главна цел не е заштитата на приватната сопственост, и дека повторно и повторно, натамошната еволуција и растеж биле стопирани од „силна“ влада.

4. Мојата основна цел е да се нагласи спонтаната еволуција на правилата на однесување кои придонесуваат за формирање на самоорганизирачки институции.

РЕВОЛТОТ ПОМЕЃУ ИНСТИНКТОТ И РАЗУМОТ

  1. Рене Декарт: рационализам кој не само што ја отфрла традицијата, туку и тврди дека чистиот разум може директно да им служи на нашите желби, без било каков посредник дека може да изгради нов свет, нов морал, нов закон, па дури и нов јазик…
  2. Дивјакот бил далеку од слободен; ниту тој не можел да го потчини светот. Тој навистина можел да направи малку, доколку племето не се согласува. Пооделните одлуки изискувале индивидуална сфера на контрола и според тоа, станале возможни само со еволуцијата на сопственоста, чиј развиток, за возврат, ги поставил основите на развиениот поредок, надминувајќи ја надлежноста на поглаварот, шефот, или колективот.
  3. Основната поента ми е дека моралот, посебно, нашите институции на сопственост, слобода и правда, не се креација на човечкиот разум туку посебна дарба која му била дадена преку културната еволуција…
  4. Луѓето, особено интелектуалците, се приклонети кон социјализам и централно планирање бидејќи ја преценуваат способноста на „рационалната координација“ и нашиот разум.
  5. Прашањето е како да се обезбеди најголема слобода за сите. Таа може да се обезбеди преку униформно ограничување на слободата од сите преку апстрактни правила кои штитат од повреда на слободната сфера на било кого. Накратко, заедничките конкретни цели се заменети со заеднички апстрактни правила.
  6. Прудон: слободата, таа е мајката а не ќерката на поредокот.

ФАТАЛНА ВООБРАЗЕНОСТ

1. Интелектуалците, исто така, можат да тврдат дека откриле нов и подобар „социјален“ морал кој ќе го постигне токму ова, но овие „нови“ правила претставуваат рецидив на моралот од примитивниот микро-поредок и не може да го одржи животот и здравјето на милијарди луѓе кои се подржуваат преку макро поредок.

2. Стекнатите традиции служат како „приспособување кон непознатото“…адаптирањето кон непознатото е клучот на целата еволуција и сите настани кон кои модерниот пазарен поредок постојано се приспособува за секого, а останува вистински непознат. Информациите која поединците или организациите можат да ја користат за да се приспособат кон непознатото, делумно се пренесува преку сигнали (цените); во долгиот синџир на луѓе, секое лице пренесува во модифицирана форма, комбинација на струење на апстрактните пазарни сигнали. Целата структура на активности има тенденција да се адаптира преку овие делумни и фрагментирани сигнали до услови непредвидени и непознати на било кој поединец, дури и ако овс прилагодување никогаш не е перфектно. Тоа е причината зошто оваа структура опстојува и зошто оние кои ја користат, исто така, преживуваат и напредуваат. Не постои алтернатива на оваа спонтана самоуредувачка структура како процес на адаптирање кон непознатото.

3. Пазарот е единствен познат метод за обезбедување информација, овозможувајќи им на поединците да ја проценат компаративната предност од различното користење на ресурсите за кои тие имаат првично сознание и чие користење, без разлика дали имаат или немаат намера да ги користат, тие им служат на потребите на голем број непознати поединци.

4. Знаењето кое веројатно, има основна улога во ова разликување, инаку далеку од состојбата да биде знаење на било кое човечко суштество кое може да биде само од управувачки супер-ум — се појавува во процес на експериментална меѓусебна активност на широко распространети, различни, дури и конфликтни верувања на милиони поединци кои меѓусебно комуницираат. Зголемената интелигенција прикажана од луѓето, се должи не толку многу на зголеменото знаење на поединците, туку на процедурите на комбинирање на различни и расштркание информации кои, за возврат, генерираат поредок и ја зајакнуваат продуктивноста.

5. Развитокот на варијантите е важен дел од културната еволуција, а голем дел од индивидуалната вредност на другите се должи на разликувањето од нив. Важноста и вредноста на поредокот ќе се зголемува со различноста на елементите, додека развиениот поредок, за возврат, ја зголемува вредноста на разликите и според тоа, поредокот на човековата соработка станува бесконечно растеглив. Ако работите беа поинакви, ако сите беа слични и не може самите да се разликуваат едни од други, би постоела многу мала цел во поделбата на трудот, мала предност од координација на трудот и мал напредок за креирање поредок со било каква сила или големина. Според тоа, поединците требало да станат различни пред да станат слободни, за да се комбинираат во комплексните структури на соработка. Уште повеќе, тие морале да се комбинираат во ентитети со различен карактер — не само збирно, туку, во структура која , на некој начин, е аналогна, а во некој важен аспект и различна од организмот.

6. За интелектуалците, општо земено, чувството да се биде само алка на сокриените , дури и безлични, пазарни сили, изгледа речиси како лично понижување. Очигледно, не им е јасно дека капиталистите за кои постои сомневање дека сето тоа го управуваат се всушност, инструменти на истиот процес, дека се, исто така, несвесни за крајните ефекти и цели на нивните активности, но во основа се загрижени за повисокото ниво и според тоа , за поширокиот опсег настани во целата структура.

7. Секој поединец станува врска во многу ланци на трансмисија, преку кои тој добива сигнали што му овозможуваат да ги приспособи своите планови кон околностите кои самиот не може да ги знае. Вкупното уредување, според тоа, бескрајно се проширува, спонтано обезбедувајќи информација за зголемениот обем на средства, без ексклузивно да им служи на определени цели.

8. Зошто социјализмот, онолку често колку што се испробуваше, никогаш не функционираше онака како што имаа намера неговите интелектуални водачи. Очигледно, има нешто во социјализмот што не се приспособува на реалните потреби.

Мистериозниот свет на трговијата и парите
Презирот кон трговијата

  1. Да бидеме свесни дека во голем дел зависиме од човечките напори кои ние не ги познаваме или контролираме, навистина е вознемирувачки.
  2. Ваквата недоверба и страв, уште од античко време, во многу делови од светот ги упатувале обичните луѓе, како и социјалистите, да ја сметаат трговијата не само како хаотична и одвишна, туку и со сомнеж, презир како нечесна и подла. Низ историјата „трговците беа предмет на општ презир и морален срам…човек кој купил евтино и продал поскапо, бил нечесен…однесувањето на трговците ги прекршувало шемите на заедништво кое преовладувало во примарното групирање“.
  3. Трговците биле презира и дури и од Платон и Аристотел, жители на градот кој во нивно време ја должел водечката позиција токму на трговијата.
  4. За Карлајл и Маркс физичкиот труд бил единствен извор на богатство. Ова чувство денес избледува. Навистина, поврзаноста на продуктивноста со човечката физичка вештина иако сеуште е вреднувана преку нашите инстинкти, има дури и помала улога во настојувањето на човекот, чија сила сега поретко значи физичка моќ како легално право. Секако, се уште не можеме да опстанеме без некои силни поединци, но тие стануваат само еден вид специјалисти како многу други професии. Само помеѓу примитивниот човек физички силните сеуште доминираат.

Маргиналната корисност наспроти макроекономијата

  1. Парадоксално, разноликоста на поединечните цели води кон поголема моќ за генерално задоволување на потребите, отколку што тоа го прави хомогеноста, едногласноста и контролата — а исто така парадоксално, разновидноста овозможува луѓето да осознаат и да располагаат со повеќе информации.
  2. Вредноста не е атрибут или физичка карактеристика поседувана од самите предмети, без разлика на нивната врска со луѓето. Вредноста е сплет на оние врски кои му овозможуваат на човекот да ги земе предвид подобрите можности кои другите би можеле да ги имаат за нивната корисност при употребата на таквите предмети.
  3. Проблемот не е како да се користи даденото знаење кое е достапно како целина, туку како да се овозможи знаењето кое не е и не може да биде достапно за било кој ум поединечно, сепак да се користи, во неговата фрагментирана и дисперзирана форма, од многу заемно дејствувачки поединци.
  4. Креирањето богатство не е едноставно физички процес…туку процес определен преку одделни различни информации во милиони глави, што е забрзано преку цените кои служат за понатамошни одлуки. Овие цени ги информираат учесниците во пазарот за битните моментални состојби од кои зависи вкупната поделба на трудот и тоа за актуелниот однос на конвертибилност на различните ресурси еден за друг…за ова дури небитно е кои количини се достапни во целина. Ваквото “макроекономско” знаење за агрегатите ниту е достапно, ниту е потребно, ниту пак е особено корисно. Било каква идеја за мерење на вкупниот производ кој е составен од голема разновидност на стоки во безброј комбинации, е погрешна. Нивниот еквивалент за целите на човекот зависи од знаењето на поединците и само откако ќе ги пренесеме физичките количини во економски вредности, можеме да ги проценуваме објективно ваквите работи.

Недовербата кон парите

  1. Парите се појавуваат како најмоќен инструмент за слобода и најзол алат за притисок.
  2. Парите…заедно со јазикот и моралот, се едни од спонтаните појави кои се најотпорни на напорите за теоретско разбирање и остануваат предмет на сериозно недоразбирање помеѓу експертите.
  3. Како моралот, јазикот или биолошките процеси, парите и монетарните институции резилтатираат од спонтаниот поредок — селекцијата преку еволуцијата е спречена од монополот наметнат од владите што го оневозможува конкурентнското експериментирање.
  4. Поради ова, толку малку е дозволено приватно експериментирање и селекција помеѓу алтернативи, што ние сме спречени да знаеме какво добро биле парите или какво добро можат да бидат.
  5. Иако се незаменлив предуслов за функционирање на напредното уредување за соработка на слободните луѓе, парите од самиот зачеток биле злоупотребувани од владите така што настанале примарен извор на пореметување на сите самоуредувачка процеси…историјата на државното управување со парите освен во неколку кратки среќни периоди, е една непрекината измама. Во оваа смисла, владите докажече дека биле многу понеморални од било која приватна фирма која снабдува пари во конкурентен пазар.

Осуда на профитот и презирот кон трговијата

  1. Модерните приговори против профитот и пазарите не се разликуваат тво суштина од критиките од примитивните антички времиња.
  2. Презирот кон профитот се базира на неразбирање и на ставот дека ние можеме да им се воодушевуваме на аскетите кои одбрале да бидат задоволни со мал дел од овој свет. Но ова, кога ќе се пренесе во форма на рестрикции врз профитот на другите, е себично до степен што наметнува аскетизам и лишување од секаков вид, за сите останати.
  3. Цените и профитот се неопходни за фирмите да бидат во состојба да им служат поефективно на потребите на луѓето кои не ги познаваат. Пазарните процеси им даваат материјални и информативни ресурси кои им се потребни да го добијат она што го сакаат.

--

--