Зимски Блуз

Помина летото, поминаа одморите, поминаа оние 10 или 15 дена кои ги чекаме цела година. Ќе бидам искрен, воопшто не ми се допаѓа начинот на кој ја делиме работата и уживањето. Како да е работата нужно зло за да ги добиеме тие 10тина дена вистински живот.

Можеби ќе звучам како некој мотивационен гуру, али ако не си ја сакате работата и она што го правите секој ден, џабе се тие 10 дена одмор. Моментот кога се будите секое сабајле и првата мисла ви е ух кој ќе оди денес пак на работа…е јасен показател дека нешто не е во ред. Нешто не штима. Време е за промени.

Мислам дека е крајно време да заборавиме на онаа мантра од времето на индустрилајизмот дека само преку “тешка и напорна работа” може да се успее, за на крај да ги добиете оние 10 дена одмор. Не! Ајде наместо да работиме напорно, да почнеме да работиме паметно. Во време кога имаме неверојатни компјутери, роботи, паметни телефони, интернет, целото светско знаење во џеб, зарем не е време да го искористиме сето тоа?

Не сакам да ме сфатите погрешно, не велам дека треба да престанеме да работиме, напротив, само треба да ги искоритиме сите алатки што ни се на располагање да бидеме максимално ефективни. Тешка и напорна работа не значи ефективна работа.

Често се присетувам кога работев во една голема корпорација која почна како стартап но брзо се претвори во трома и гломазна фирма со илјадници процеси и безцелни состаноци и како сето тоа влијаеше на мојата психо/физичка состојба. Престанав да го сакам она што го работам, по цели денови пред лаптоп, без желба за дружење, вежбање, движење, активни прошетки во природа…едноставно се се сведе на лаптоп, работа, брза храна и многу чоколади. Нормално, за кратко време многу се здебелив и практично ја изгубив целата моја кондиција.

Тогаш решив дека е доста! Вака повеќе не оди. Време е за промени!

Знаејќи ја мојата состојба почнав многу скромно. Само 7 минути вежбање на ден. Но бев упорен и за неколку месеци тие 7 минути се претворија во 30 минути. Се чувствував одлично, силно, и спремен за нов почеток. Можеби некој ќе рече случајно но јас сум убеден дека не е, тоа беше периодот кога го основав и мојот прв стартап.

Но, она што и ден денес ми остана како некое интересно согледување е колку ми беше тешко секој ден самиот себе да се мотивирам да вежбам. Посебно поради фактот дека вежбав дома. Сам.

Немав некој кој ќе ми помогне во тешките моменти, кога немав мотивација. Некој кој ќе ти каже ајде заедно, мораме да вежбаме и денес. Само еден момент е потребен, оние неколку минути додека почнеш. Впрочем се е поинаку кога правиме нешто во друштво.

Знам, денес имаме теретани на секој чекор, и тоа е супер. Но не секој е за теретана, посебно ако има поголема килажа. Навистина е тешко да се гледаат сите тие атлети и набилдани момци а вие сте на самиот почеток. Веројатноста да се откажете е огромна.

Затоа многу ми се допадна оваа иницијатива на Кока Кола за Активни Зони. Едноставен простор во природа, без притисок, со многу луѓе кои се во слична ситуација. Можеби токму таа форма на “игралиште” буди нешто во нас и не враќа во детството кога играта ни беше и активна вежба.

Дознав дека Кока Кола Активни Зони е најновиот проект на Кока Кола за промовирање на здрав и активен живот. Едноставно, без наметнување и притисок. Излези, вежбај, забавувај се, дружи се. Морам да признаам, многу подобар начин отколку да вежбате дома сами.

Негде прочитав дека планот им е да отворат Кока Кола Активни Зони насекаде низ Македонија, а веќе има неколку во Скопје, Прилеп, Тетово и други градови. Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено.

Но! она што е најбитно, во време кога и да вежбаш чини пари, активните зони ќе бидат отворени 24 часа и достапни за користење од страна на сите граѓани без никаков надомест.

Овој пост е дел од проектот Coca-Cola Bloggers Network Adria и топло ви препорачувам да ги погледнете и останатите постови на моите колеги блогери.

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.