Техно Детокс

Здраво јас сум Митко, и сум зависник од технологија. Поточно највеќе сум зависник од мојот мобилен телефон.

Ок, веројатно не е толку страшно ( се тешам ), но сепак морам да приметам дека центарот за нотификации на мојот мобилен телефон полека но сигурно станува центар на мојата комуникација и практично на секоја нотификација реагирам како кучето од експериментите на Павлов :)

Затоа ми падна на памет идеја — зошто да не го искористам почетокот на пролетта за едно пролетено чистење или техно детокс.

Нормално познавајќи се себеси и каков гик сум, нема шанси комплетно да се откажам од мобилниот, но затоа можам да направам пролетно чистење на апликациите и нотификациите за кои сметам дека непотребно ми одземаат внимание.

Неодамна негде прочитав дека скоро 70% од корисниците на мобилни телефони спијат со телефонот одма до кревет и дека скоро секои 5 минути проверуваме дали има нешто ново. Овој нов феномен на Fear of Missing Out (FOMO) или страв да не пропуштиме нешто навистина длабоко се има вгнездено кај модерниот корисник и мора некако да го намалиме.

Прво што планирам да направам е да ги избришам апликациите кои ги немам користено ниту еднаш во последните месец дена. Секојдневно инсталирам апликации и дури имам заборавено што се имам симнато на мобилниот, но секоја од тие апликации барем еднаш дневно со некоја нотификација бара внимание веројатно за некоја тотално неважна работа.

Втора работа што планирам е да ги намалам нотификациите за Facebook, Snapchat, Instagram, Twitter, Reddit, Vine, Swarm, Periscope и Youtube. Не нема да ги исклучам комплетно туку само малце ќе направам приритет од кого да добивам нотификации. Претпоставувате тоа ќе бидат неколкуте најдобри другари. Сепак морам да знам кај биле синоќа и дали фотката од бургерот испаднала добро на Instagram :)

Трета работа што планирам да ја направам е да симнам некоја апликација за медитација и да ми мери колку време поминувам на мобилниот телефон. Знам, малце звучи контрадикторно но налетав на пар добри апликации кои според коментарите навистина делуваат и можат да помогнат за техно детокс.

Првата апликација е Headspace и нешто налик медитација со тренер за почетници.

Одлична е за почетници и има многу нивоа и опции за различни ситуации. Бидејќи сите сме навлечени на “social gaming” мислам дека ќе биде интересна дури и за најголемите почетници.

Втората апликација е Moment. Едноставна апликација која мери колку време поминувате на мобилниот и доколку претерувате ќе ве искара. Одлично изгледа, можете сами да си поставувате лимити и според нив веројатно ќе ве натера да го оставите телефонот и да уживате во моментот.

Последната работа која планирам да ја направам со сето ова ново слободно време е токму тоа — повеќе да уживам во моментот. Дружење со пријателите, прошетки во природа, можеби конечно посериозно да почнам да се бавам со фотографија, едноставно да уживам во слободното време. А мобилниот? Mобилниот може малце да почека, барем некое време ;)

Овој пост е дел од проектот Coca-Cola Bloggers Network Adria и топло ви препорачувам да ги погледнете и останатите постови на моите колеги блогери.

Show your support

Clapping shows how much you appreciated Mitco’s story.