Дали сопственото возило може да заработува?

Blagoja Petrushev
mk.drivedrivecar.com
4 min readJan 19, 2020

Нема дилема дека живееме во време во кое промените се случуваат толку брзо, што некогаш немаме ни време да размислиме дали некоја најавена промена има шанси да се случи, или е тоа само фикција во главата на некои луди луѓе како што најчесто се претприемачите.

Кога денеска на некого ќе му кажете дека децата кои сеуште не тргнале во школо највероватно никогаш во својот живот нема да имаат свој автомобил сигурно би помислил дека сте луди.

Зошто имаме таква перцепција?

Затоа што автомобилот секогаш бил статусен симбол или ,,потреба,, за оние кои ретко кога прават сметка дали повеќе им се исплаќа да возат свој автомобил или да се возат со такси. Да, делува чудно меѓутоа многу често математиката покажува дека на огромен број луѓе автомобил воопшто не им е потребен во нивна сопственост бидејќи сите нивни активности можат да ги обавуваат со такси или да изнајмат друг автомобил кога баш имaат потреба, и месечниот трошок би им бил помал отколку да имаат свој автомобил.

Нормално дека е тешко да мнозинството граѓани размислуваат на таков начин бидејќи навиките тешко се менуваат, меѓутоа кога секој би прочитал барем една од книгите на Роберт Киосаки, би почнал да размислува за својата актива, многу повеќе од колку за својата пасива.

Оние кои се сопственици на некој сопствен бизнис знаат и што е актива и што е пасива а за оние кои не се, еве едно мало објаснување: Под актива можете да ги уврстите сите Ваши инвестиции кои Ви носат профит, а под пасива се она што претставува ваш имот но не ви носи приход сега, и извесно е дека вредноста ќе се амортизира и во иднина. На пример: Ако купите гасоњера и ја издавате, месечната рата за кредитот ако е 100 евра, а Вие ја издавате за 150 евра, тоа значи дека приходувате 50 евра, минус трошоците за данок и за одржување. Ако купите поголем стан кој не Ви е неопходен тогаш тоа претставува Ваша пасива, бидејќи не Ви носи приход, а е прашање дали можете да го продадете по повисока цена од онаа за која сте го купиле.

Да нема забуна, многу различни предмети и имоти можат да бидат актива или пасива во зависност од нивната намена … Ако купите автомобил кој го изнајмувате тогаш тој е Ваша актива, а ако купите автомобил кој не Ви е приоритетен тој секако дека е пасива, бидејќи не ви носи приход, има поголеми трошоци и плус амортизациона вредност.

Да бидеме јасни, најголемата актива сме ние самите, инвестирајќи во образование и во здрав живот сигурно дека е најпаметната инвестиција која секој од нас може да ја направи за време на нашиот живот.

Оваа претходна паралела ја направив чисто да Ве воведам во еден под проект на нашиот главен проект www.drivedrivecar.com, a тој се однесува на купување на возило кое главната намена е да го претвориме во актива на сопственикот.

Во целата држава според Заводот за Статистика во 2018 биле регистрирани 415 062 возила, а само во Скопје 149 484 возила. Од вкупниот број на возилата околу 35 000 возила се до 10 години старост а сите останати се над 10 години. Додека генералната просечна старост на сите возила во државата е 19.1 година. Доколку го земеме во предвид и податокот дека околу 9000 возила во целата држава се само до две години, доаѓаме до податокот дека само околу 22 000 граѓани во Македонија можат да си дозволат да купат ново возило во Македонија и да истото го возат до 5 години. Овој број можеме слободно да го зголемиме уште за 20–30% кои купуваат возила до 5 години старост и ги увезуваат во државата но секако дека податоците кои се јавни од Заводот за статистика доколку се навистина точни дека само 9000 возила се до две години старост и 35000 возила до 10 години, се повеќе од алармантни.

Кога сите овие податоци ќе се земат во предвид се доаѓа до заклучокот дека на македонските патишта не се клучен проблем нити пијаните возачи, нити дупките на патот, туку старите возила кои претставуваат опасност за самите возачи меѓутоа и за другите учесници во сообраќајот.

Заедно со нашите партнери Евроинс осигурување, Еуролизинг, Осигурителниот Брокер СН, и Авто Нова генералниот увозник за Цитроен возилата, направивме пакет за купување на Ц3 возилото кое има главна цел да биде претворено во актива на сопственикот и кое ќе заработува во следните периодот од 5 години од купувањето.

За што станува збор?

  1. Можете да купите ново Цитроен Ц3 возило по промотивна цена со вклучени трошоци за одржување на возилото во период од 5 години, и со сите други тековни трошоци за регистрација на возилото, и каско осигурување во период од 5 години.
  2. Во целиот период од 5 години возилото е улистано за изнајмување на други лица на платформата www.drivedrivecar.com и Вие заработувате за секој ден кога Вашето возило е изнајмено по однапред дефинирани цени за изнајмување на возилото.
  3. Доколку Вашето возило не е изнајмено Вие слободно можете да го користите Вашето возило, а доколку максимум 180 дена возилото не е изнајмено тогаш за секој не изнајмен ден платформата www.drivedrivecar.com ќе Ви надоканди 4 евра дневно, или доколку Вашето возило во период од 5 години нема да биде изнајмено нити еден ден тогаш за Вашето возило ќе добиете дополнителни 3600 евра(5 години х 720 евра)

Повеќе можете да дознаете овде:

--

--

Blagoja Petrushev
mk.drivedrivecar.com

Futurist Entrepreneur: Shaping Mindsets and Crafting New Business Horizons Through Technology