ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ВОЗИЛА — Како да заработувам од моето возило?

Drive Drive Car
mk.drivedrivecar.com
5 min readFeb 5, 2020

П2П изнајмување на возила

Сигурно постојат луѓе кои никогаш не изнајмиле возило во животот и тие малку потешко можат да ја разберат потребата на оние кои изнајмуваат и да го прифатат тој стил на живот кој подразбира тотална мобилност во сите сфери на живеењето.

Денеска можете да изнајмите автомобил, стан, работник, канцеларија, и многу другу услуги и производи … И тоа е веќе нормален пристап на многумина кој сакаат промени, и не се врзуваат емотивно за некој предмет.

Кога разговараме за П2П изнајмување мислиме за изнајмување на возило од приватно лице за одреден временски период.

www.drivedrivecar.com е решение слично како многу решенија низ светот кој овозможуваат делење на возилата во периодот кога тие не се користат.

Како функционира П2П моделот на изнајмување на возила?

Сопствениците на возила во периодот кога возилата не ги користат за свои потреби ги пријавуваат на платформата на тој начин што прво се регистрираат на истата платформа, ги потполнуваат своите податоци и го верифицираат нивниот профил, а после тоа го пријавуваат возилото.

Кои податоци сопствениците на возилата ги потполнуваат при пријавувањето на возилата

Административни податоци за возилото: Сопственикот ги потполнува основните податоци за возилото: Бренд, Модел, Тип, Година на производство, Фотографии од возилото, Технички Карактеристики, Опис на возилото …

Дополнителна опрема: Сопственикот може да избере која дополнителната опрема ја поседува за тоа возило …

Додатоци: Сопственикот може да избере кои додатоци може да ги понуди во периодот на изнајмување. На пример: Куфер, Држачи за скии, Мобилен Интернет, Додатно седиште, и слично. Важно е да се напомене дека сите овие додатоци може сопственикот да ги наплатува со фиксна цена по ден.

Адреса: Сопственикот е неопходно секогаш да ја постави вистинската адреса од каде возилото ќе може да се превземе бидејќи тоа претставува важен параметар за пресметките кои се вршат низ платформата.

Сервисна книшка: Сопственикот има опција да ја евидентира секоја сервисна историја на возилото. Оваа опција не е обавезна, но е многу важна за кредибилитетот на Сопственикот и на возилото, бидејќи на овој начин корисниците имаат поголема доверба во Сопствениците кои ги одржуваат своите возила.

Возење во странство: Сопственикот има опција да одлучи дали дозволува возилото кое го изнајмува да се вози во странство или не. Доколку тоа не е дозволено таквите возила нема да бидат достапни при претрагата на возилото за одреден временски период.

Достава на возилото до корисникот: Сопственикот на возилото сам одлучува дали возилото да го доставува до корисниците кога го превземаат или го враќаат. Исто така за оваа услуга секој Сопственик може да дефинира своја цена по километар која ќе се пресметува во самата резервација и ќе се наплаќа при резервирањето на возилото.

Време на преземање/враќање: Сопственикот на возилото сам одлучува во кој временски интервали ќе биде достапен да го предаде возилото на користење и во који временски интервали ќе биде во состојба да истото возило го превземе од корисникот. Сопственикот може да дефинира период за предавање или превземање кои трае не помалку од 3 часа.

Каско осигурување: Сопственикот на возилото има можност да ја одбере опцијата свое каско или да го користи каско осигурувањето по ден од платформата направено од Евро Инс. Ние секогаш препорачуваме да се користи каско осигурувањето од платформата затоа што е тоа производ кој е наменски направен и за кој е воспоставен комплетен процес на документација. Меѓутоа сопственикот може да одбере да користи свое каско кое индивидуално го договорил со некоја друга осигурителна компанија, но во тој случај мора да ја прикаже и полисата која ќе биде дадена на увид на корисникот, и мора да дефинира осигурителна франшиза доколку постои.

Цена за изнајмување: Сопственикот сам ја дефинира цената на изнајмување на возилото која ја плаќа корисникот, према одреден период на изнајмување.

Важно е да се напомене дека доколку сопственикот не постави цена во некој од предвидените периоди за изнајмување тогаш при пребарувањето на возилата тоа возило нема да биде достапно доколку некој бара возило за бројот на денови за кој нема дефинирано цена.

Дневната километража: Сопственикот има можност да одлучи сам дали во цената на изнајмување е вкалкулирана неограничена километража или одредена километража а надминатата ќе се пресметува со одреден износ. Доколку се одбере ограничена километража тогаш надмината ќе се наплати тогаш кога ќе биде затворен налогот и вратено возилото и установена поминатата километража. Низ однапред дефинирано сценарио се реализира наплатата!

Период на изнајмување: Сопственикот има потполна слобода да одбере дали сака возилото да го изнајмува возилото за краток или долг период и тој може да одбере дека сака возилото да се изнајмува за повеќе од еден ден, или повеќе од 5 дена или до максимум 10 дена или повеќе. Како и да одлучи од минимум 1 ден до максимум 365 дена, може тоа да го прилагоди во самиот профил. Притоа мора да биде јасно дека ова подесување овозможува возилото да се покажува на платформата само во дозволените периоди.

Целна група: Сопственикот има можност возилото да биде достапно до сите корисници или да ја прилагоди својата целна група на самото возило. Може да ги сегментира потенцијалните корисници према староста, возачкото искуство, локацијата и слично. Исто така и овде е важно да се напомене дека ако се искористи оваа опција тогаш возилото нема да биде воопшто видливо за тие корисници кои не ја задоволуваат бараната целна група.

Пријавувањето на возилата знае да одземе време на почетокот меѓутоа тоа е само еднаш, и кога тоа ќе го направите тогаш вашето возило може да биде активно на платформата и да заработува за Вас.

После првото пријавување на возилото секогаш можете да ја корегирате достапноста на возилото. На пример сакате само во одреден период возилото да биде недостапно за изнајмување….Секогаш имате можност да го прилагодите Вашиот профил према Вашите потреби или да ги промените податоците кои најпрво сте ги евидентирале.

Дури имате и можност да некој корисник од кој не сте задоволни како го управувал Вашето возило, да го блокирате во Вашиот профил и повторно да неможе да има пристап до вашето возило.

Колку Вашето возило се изнајмува повеќе толку нашиот АИ алгоритам ќе Ви даде подобри совети што од првите податоци да промените во Ваш интерес како би заработувале повеќе.

Тоа е тоа, време е вашето возило да заработува за Вас!

--

--

Drive Drive Car
mk.drivedrivecar.com

Drive a car near you — You don’t have to be a car owner to always have a car available https://drivedrivecar.com/