Изнајмување на возило или возење на ,,кршот,,

Drive Drive Car
mk.drivedrivecar.com
4 min readApr 7, 2020

Се сетив на една приказна која некогаш ја имам прочитано во некоја бизнис книга, а таа иста приказна ја вртат повеќе автори со слична содржина. Во една компанија за производство на обувки Сопственикот одлучил дека е потребно да се активираат нови пазари за продажба на нивниот асортиман, па решил да испрати еден свој Директор во една афричка држава. Директорот отишол во новата држава, и бил потполно разочаран, речиси сите жители оделе боси, никој и не носел никави обувки. Разочаран од таквата состојба пратениот Директор се вратил кај Сопственикот со констатација дека воопшто не е можно да се продадат обувки кога луѓето не носат воопшто обувки. Сопственикот одлучил на истиот пазар да испрати друг Директор за да го испита пазарот на свој начин. Новиот Директорот бил импресиониран од можностите на пазарот, размсилувал постојано што е тоа што треба да го направи за да ги увери жителите на оваа држава дека е подобро за нив да носат обувки на нозете…Одлучил да почне да преговара со поглаварите на племињата и нив да ги убеди да почнат да носат обувки и после тоа тие да му помогнат да се направи нарачка за другите жители… Неговиот предлог го прифатиле, и било договорено да целокупната исплата биде во компензација за дијаманти.

Два Директори од иста фирма кои продаваат исти производи имале два различни става и два различни пристапи за пазарот.

Кога Сопственикот би го послушал првиот Директор никогаш оваа афричка земја не би била нивни купец и никогаш не би носеле обувки оние кои цел свој живот го поминале без обувки.

Секогаш кога промовирате некој производ кој не постоел на пазарот морате да бидете спремни дека многумина нема да сакаат ни да слушаат за некои нови навики, многумина нема ни да Ве разберат бидејќи никогаш нити чуле нити помислиле дека такво нешто е можно да функционира било каде во светот.

Сето ова е нормално во било која држава во светот, секаде луѓето се сумњичави во нови производи и услуги.

Меѓутоа кога ќе го замислиме светот каков беше само пред 25 години тогаш ќе ни стане јасно дека многу од производите денеска тогаш не постоеа и светот функционираше повторно.

Едноставно тоа е нормална состојба на промени…Денес во овој свет постојат три категории луѓе, и тоа: Оние кои се родени на google и кој не памтат време без facebook, booking, gmail…Оние вторите кои памтат време и без facebook, booking, gmail но и време без компјутери, со грамофонски плочи, вокмени и пејџери…Оние третите кои правеле отпор кога требале да се приклучат на оние кои сега се во втората група и кои знаат по малку по се, али ништо во потполност да се увртстат во било која квалитативна група.

Оваа третата група денеска во секое општество сигурно дека завзема повеќе од 20% од населението, и кои воедно се најголемите кочничари за било која промена во општеството, који се најголемите отпораши за секоја промена во навиките мислејќи дека ако лично нешто не им е по волја дека ќе успеат да ги сопрат промените.

Промените не се случуваат поради нас, туку заедно со нас, и кога не сакаме да бараме хотел преку booking тогаш го плаќаме нашиот отпор за промените, и кога не сакаме да се возиме со uber можеме само да чекаме кола како ,,автостопери,,, кога не сакаме да го издаваме нашиот стан преку airbnb и тогаш покажуваме само дека нашето его има цена, кога не сакаме да го изнајмуваме нашето возило преку drivedrivecar.com тогаш одлучуваме дека сакаме да возиме крш и да секогаш велиме како немаме пари за ново возило…Тоа сме ние, секогаш имаме шанса да донесиме одлука за да нешто биде наша актива или наша пасива.

На почетокот сме на периодот кога ништо нема да биде наша сопственост, веќе сме сведоци на делење на станови, на вработени, на услуги…Повеќе од две третини од жителите во Швајцарија немаат свои станови и истите ги изнајмуваат од други, а речиси и да не постои човек кој би одбил да се пресели во Швајцарија.

Во нашата држава на прсти може да се избројат оние кои живеат под ќирија, и тие кои се во таква ситуација тоа им е привремено решение кое најчесто се решава во период до 5 години.

Квалитетот на животот се мери према квалитетот на искуствата кои индивидуата имала можност да си ги дозволи и секако преку активата која ја поседува, а не секогаш активата значи сопственост на нешто, а најмалку сопственост на возило кое има најголема амортизациона ставка од било кој производ.

Само поделеното возило може да биде актива која може да полни фонд кој ќе се користи за искористување на нови искуства со други возила кои ќе допрат со сите чула на човековиот ум и кои ќе зрачат среќа и задоволство.

Незнам Вие, меѓутоа јас со задоволство би одбрал да бидам сопственик на возило кое ќе го изнајмувам кога не го користам, а од приходот да можам во текот на годината да пробам други возила во сопственост на други сопственици. Доколку имам таков приход можеби ќе посакам да се провозам некогаш со некој кабриолет, или можеби мини купер, или некоја планинска авантура со Лада Нива или некое фамилијарно патување со Џип.

Животот е премногу убав да не се искористат можностите кои ни се нудат, и премногу досаден да со години користиме една иста ствар и не учиме ништо ново!

--

--

Drive Drive Car
mk.drivedrivecar.com

Drive a car near you — You don’t have to be a car owner to always have a car available https://drivedrivecar.com/