Кола и жена не се даваат на никој!

Drive Drive Car
mk.drivedrivecar.com
4 min readFeb 6, 2020

Корисниците се во право дури и кога грешат

Кога го почнавме промовирањето на овој проект во нашата држава со консензус одлучивме дека сакаме да ги оставиме сите коментари на читателите на социјалните мрежи за да знаеме од која стартна позиција започнуваме.

Денеска е ова убаво искуство да го поделиме со Вас, затоа што претставува голем предизвик кој треба да се победи. Уживајте…

Секој коментар е добар, дури и оној кој изгледа лош!

Сите овие коментари се добри, во зависност од тоа на кој начин се посматраат и колкава е нивната релевантност. Коментарите од било кој од корисниците никогаш не се индивидуални, бидејќи тие се повторуваат и кај оние кој не стигнале да напишат коментари сеуште а можеби размислуваат слично или исто.

На пример коментарот од Жаклина ,,Автомобилот не го давам на непознати,, е сосема легитимна одлука на Жаклина и за нејзе и за оние кои размислуваат како Жаклина во самиот прифил корисниците имаат можност да си одберат корисници на кои сакаат да им ги изнајмуваат возилата. Значи може да ги изнајмуваат возилата само на познати!

Ангелина вели дека ,,Кола и жена не се даваат на никој,, и сигурно е во право дека не треба да се ,,дадат,, За давањето или недавањето на жената како ќе се осигури некој не е сеуште потврдено, меѓутоа колата е факт дека не треба да се дава на никој туку треба да се изнајми на секој кој е спремен да плати за изнајмувањето преку платформата и каде периодот на изнајмување ќе биде осигуран каско, а за заработените средства на сопственикот, платформата при исплатата уредно ќе си плати данок.

Зоран Качаков можеби е во право дека некој ќе биде и таков ,, Ние сме толку говеда да и делови ќе им вадеме,, но мораме да бидеме свесни дека оние корисници кој ги прифаќаат условите на платформата се корисници кој имаат име и презиме, кој точно се легитимирани, и кои на крајот од изнајмувањето добиваат рејтинг од сопственикот, а сопственикот добива рејтинг од корисникот. Двете страни имаат интерес да бидат професионални и убаво да ја завршат соработката бидејќи негативниот рејтинг ќе им овозможи да никој од нив нити изнајмува возила нити пак некој на таквите ќе им изнајмува. Втора работа не помалку важна е тоа што доколку се установи такво нешто ќе биде наплатено од самиот депозит, а за евидентни кршења на правилата корисниците ќе бидат блокирани на платформата и повеќе нема да бидат во можност да го поноват делото. Секако, Каско осигурањето ги покрива другите ризици кои се составен ден од полисата за каско осигурување.

Бајо е исто така во право кога вели ,,Нека си купит ако му требит,, токму тоа е идејата на платформата да може секој да си купи кога му треба, меѓутоа на некого му треба автомобил еден ден а на некого 365 дена, овде им нудиме решение на оние кои во различен период имаат потреба од различен тип на автомобил а за тоа се спремни да платат колку што користат.

Влатко Аризанкоски е во право кога вели ,, Абе Вие нормални ли сте,, бидејќи навистина делува дека не сме нормални кога велиме дека 2 часа во просек се користат возила на ден и дека е потребно да се изнајмуваат за да бидат профитабилна инвестиција а не голема конзерва паркирана која губи од својата вредност додека е паркирана.

Блага и Ели се оние малкумина кои ги бараме со мноштвото канали каде се трудиме да објасниме дека инвестицијата во кола потребно е да дава профит а не да прави трошок. Важно е за нас дека Блага и Ели разбрале, а тоа е доволно!

Во споредба со Словенија!

Во нашата држава има регистрирани годишно околу 415 000 возила од кои само околу 37 000 возила се до 10 години.

Во Словенија има регистрирани годишно околу 1 150 000 возила од кои околу 650 000 возила се до 10 години.

Трендот во следните 20 години!

Во следните 5 години се очекува бројот на поделените возила во светот да биде околу 36 000 000 возила од вкупно повеќе од 1 милјарда возила во светот, или отприлика околу 3,5% од вкупниот број на возила на пазарот.

Во следните 20 години се очекува да не повеќе од 5% од возилата бидат во приватно сопствеништво и дека целокупниот возен парк ќе биде во сопствеништво на компании специјализирани за управување со возни паркови.

Како и да е, Блага и Ели припаѓаат во ониe минимум 3.5% за кои вреди да бидеме и ние дел од светот. Бидете и Вие Блага и Ели и пријавете ги Вашите возила …

--

--

Drive Drive Car
mk.drivedrivecar.com

Drive a car near you — You don’t have to be a car owner to always have a car available https://drivedrivecar.com/