5 општествени бенефити од економијата на делење

Drive Drive Car
mk.drivedrivecar.com
5 min readApr 7, 2020

Некако чуствувам дека секаде во светот секое место би било подобро за живот доколку економијата на делење би се развивала се повеќе и повеќе.

Зошто тоа го мислам?

Затоа што ми се чини дека не постои ни еден модел на бизнис кој толку позитивно делува на општеството во целина како што делува економијата на делење, затоа што овој бизнис модел покрај главната бинис компоненета содржи и други составни општествени компоненети кои се поважни од првата компонента за целокупното општество.

Замислете си само колку работи поседувате кои не ги користите во потполност и колку би можеле да заработувате од нив и истовремено да ги користите тие средства за работи кои не ги поседувате а Ви се навистина голема желба.

Впрочем поседувањето на некои работи е резултат на нашата желба да го искусиме задоволството со некоја физичка ствар во одреден момент, меѓутоа најчесто се одлучуваме да тоа нешто што го посакуваме во одреден момент го купиме импулсивно и сопственоста над него воопшто не ни е искористена, или што би рекол Роберт Киосаки, сме го зголемиле нивото на нашата пасива а сме го намалиле нивото на нашата актива.

Кога говорам дека економијата на делење има директно влијание на многу компоненти во самото општеството кои се важни за генералниот успех општеството мислам на следните:

Доверба:

Колку е поразвиена економијата на делење во едно општество е се поголема и довербата помеѓу граѓаните во општеството. Едноставно рачунајќи по сите можни критериуми, колку се зголемува застапеноста на делењето, толку се зголемува и степенот на доверба во целокупното општество затоа што почнуваат да исчезнуваат стереотипите кои владеаат помеѓу граѓаните за чесноста и добрите намери на мнозинството граѓани. Речиси секој учесник во овој процес запознава нови луѓе и гради меѓусебна доверба која пак од друга страна ствара интересни заедници кои имаат лична сатисфакција од нивното дружење.

Кредибилитет:

Секој граѓанин кој учествува во некој тип на економија на делење води сметка за неговиот кредибилитет кога користи услуги од други граѓани. Апсолутно секое дејствије кое го презема било кој учесник во процесот на делење, е мерливо или може да биде мерливо од страна на сите учесници во процесот на делење. Зголемувањето на степеност на индивидуален кредибилитет ја зголемува целокупната кредибилност на општеството во целина.

Транспарентност:

Целокупниот бизнис модел допринесува до создавање добра аналитика на податоците кои се предмет на делењето а со тоа и потполна транспарентност на податоците кои неможат да бидат спорни од двете страни учесници на делењето, што пак од друга страна допринесува до помали конфликти во општеството во целина.

Актива:

Секој учесник во процесот на делењето ја зголемува својата актива т.е ја смалува пасивата, што од друга страна предизвикува стварање на здраво општество во кое граѓаните рационално размислуват во однос на нивните финансии и допринесуваат за стварање за здрава економија внатре во секое општество.

Задоволство:

Најважната компонента која ја предизвикува економијата на делење е секако задоволството на учесниците во процесот без разлика од која страна се наоѓаат. Оној кој нешто изнајмува доживува уникатно искуство кое неможе да си го приушти постојано, а од друга страна и нема секојдневна потреба за истото. Од другата страна па оној кој изнајмува е задоволен што неговиот омилен автомобил или друг предмет во одредени денови кога не го користи заработува од други корисници кои се среќни што имале прилика да го доживеат тоа уникатно искуство.

Овие 5 компоненти се сигурно најважните кои предизвикуваат задоволство кај учесниците во процесот на делење. Факт е дека во последно време Економијата на делење изгуби дел од првобитната привлечност, се полека и полека целокупниот бизнис модел почна да се претвара во практичен и ефикасен дел од пазарот а се помалку како модел за поефикасна заедница.

Промените во структурите на сопственост што ја отсликуваат реалноста на денешната работна сила, особено во посиромашните економии, имаат потреба од многу алатки за решавање на правична распределба на богатството.

Од друга страна големото учество на економијата на делење во Кина е без преседан во светот и е на изненадување на многу корисници.

Во сосема нормалната трка да се расти во секој сегмент економијата на делење зависи од два клучни одржливи елементи: менувањето на менталитетот и довербата. Промената на мислењето на потенцијалните корисници одзема време; промената не се случува преку ноќ. Едноставно на платформите кои се стремат да растат премногу брзо (без разлика дали трошат средства многу или малку за промоција, или да претпоставиме дека побарувачката ќе биде експоненцијална) или ќе ја компромитираат довербата на клиентите (што е тешко да се изгради и исклучително лесно да се изгуби) може да се најдат себеси пред тешки одлуки во наредниот период.

Нешто што е позитивно и тренд во светот тоа е се поголемото учество на средната класа во вкупниот број на население во светот, и се предвидува дека во следните 10 години таа може да достигне до 5,5 милјарди луѓе.

Во меѓувреме, трендот на се постара старосна граница на населението има поголем број на жители кои стареат во САД, Јапонија ширум Европа и пошироко и многу од нив имаат потреба од делење или неможат да ја искористат сопственоста во целост.

Економијата на делење може постепено да го преобликува пензионирањето: бидејќи повеќе луѓе бараат да стареат во место каде ќе бидат во постојан контакт со луѓе а за тоа задоволство им треба дополнителен приход.

Нешто што останува на крај како континуиран ангажман од сите учесници во процесот е постојаната потреба од регулација или деругалација на застарените правила и политики који се на сила во одредени градови, држави па дури и во самите осигурителни компании и банкарски институции кои најчесто се дел од било која платформа.

Целиот процес бара многу поголема проактивност од сите чинители во економијата на делењето а дали ќе се враќаме на оригиналните корени на економијата што дели — ефикасност на ресурсите, одржливост и квалитетна заедница — или дополнително ќе се замаглува нивното значење?

Овие одговори зависат од нас кои сме чинители на Економијата на делењето!

--

--

Drive Drive Car
mk.drivedrivecar.com

Drive a car near you — You don’t have to be a car owner to always have a car available https://drivedrivecar.com/