Поради овие фотографии заглавив во Токио засекогаш

Други јазици: 日本語 | Polski | Italiano | Español

Токио, не можам да им поверувам на очите! Тука сме. Прво место на нашата листа беше Накагин Зградата.

Тука поминавме цели два дена и конечно го разбравме ужасот на живеење во хотел-капсула. Беше прекрасно, освен повременото тресење и паника од земјотрес што ја осеќаш кога комшијата решава да си ја помести неговата капсула четири катови нагоре, и тоа во пет наутро. Ама океј, беше доволно галантен да остави кутија чоколадца со извинување на сите околни капсули.

Накагин зградата е еден од ретките примери на градби кај што надворешноста перфектно одговара на внатрешноста. Компактниот минимализам што може јасно да се забележи однадвор, пробива во собите и ходниците создавајќи многу целосен и силен впечаток. Звуците што прозорците ги произведуваа кога си ги поднаместуваш сосема го надминуваа секој ужасен звук што постои. Плочките од прозорците често бараат подмачкување, но некои сопственици на капсули одлучиле дека не мора.

Нина беше точно кај што била родена за да биде, исто како и џемперот што се врати заедно со неа. Беше многу внимателно смислен подарок од една пријателка на баба ми, Јапонка. Сега и Нина и џемперот се дома. Не успеав да најдам ефикасен начин да ѝ го одлепам лицето од тој прозорец, арно ама не можев ни да ја обвинам.

Не успеав да се одлепам од апликацијата за iPhone направена за поместување на капсулите во Накагин зградата. Ако закажеш автоматизирано поместување на капсулата и го откажеш во последен момент, нема воопшто да ти наплатат, но ќе направиш цела капсула да се потресе. Еднаш, ја испаничив Нина со тоа. Никогаш повторно. Не си играш со работи како земјотреси и сè што наликува на тоа кога си во Токио. Веројатно, премногу е злобно.

Тоа што ги прави Токио и Јапонија посебни од остатокот од светот е посветеноста на деталите, и на деталите во деталите. Дури и најмрсните, темни и маргинални сокаци беа беспрекорно чисти. Не секогаш скроз уредни али секогаш функционираат и се си има своја цел. Ако зачекориш во правилниот сокак, можеш да видиш каде трча Мотоко Кусанаги, од анимираната јапонска серија Ghost in the Shell, бркајќи некој киборг.

Светскиот Трговски центар Токио, или Монолитот, како што го викавме, одразуваше формација на борбени летала. Единствен начин да се осетат, освен преку гледање, е преку бранот на топлиот воздух што наеднаш доаѓа и исто толку брзо си заминува. Воопшто не ме прекинаа во моите молитви до големите технолошки богови.

Можеби изгледа хаотично од овде, како некој да наполнил цела кофа полна со згради и да ги истурил наоколу, но кога ќе зумираш поубаво ќе забележиш дека воопшто не е хаос. Станува очигледно дека се работи за перфектно одржани структури и градби, наредени по сопствени правила, што мирисаат на свежа електроника. Моновозови што поминуваат низ згради и излегуваат од облакодери и потоа директно во земјата. Да не ги користеа толку многу луѓе би помислил дека сè тоа е таму за да ме забавува мене.

Дури среде ноќ, градот беше полн со енергија. Скоро 40 милиони луѓе што живеат во толку мала област со толку многу дисциплина и иновативност, само Токио може да биде тоа. Најчесто ноќе се слуша зуењето на дроновите додека летаат наоколу и разнесуваат пратки баш пред прагот на луѓето или балконите, без никој да вознемират. Некои нетрпеливи луѓе чекаат надвор на балкон за да им стигнат пратките но, ние решивме да го тераме старомодното пешки до продавница, тип на достава.

Ни кажаа луѓето на рецепција дека зградата од лево користи некои напредни материјали што ја прави земјата измеѓу зградите значително потенка, додека во исто време доволно цврста да ја издржи тежината на живот во Токио. Зградата од лево повремено се поднаместуваше кога беше тоа потребно. Не баш проверивме али мислам дека беше нешто во врска со внатрешна реорганизација на канцелариите.

Иако изгледа мало, не дозволувајте да ве излаже видот. Овие беа огромни секции на канцеларии со сите потребни елементи за комфорно живеење и работење.

За жал, за разлика од Накагин зградата, овие капсули можеше само да ги издолжиш напред за подобар видик и тоа само привремено. Зградата беше толку стаписувачки убава што не бевме претерано разочарани со оваа нефлексибилност на собите.

Како може оваа одлично одржувана зграда да биде било што друго освен специјализирана зграда за производство на перфектни бели сфери? Сосема сум убеден дека нејзината единствена цел е да го освои и доминира пазарот на перфектни бели сфери и никој, дури и стражарите на влезот не можеа да ме убедат во ништо спротивно.

Најголемиот град во светот и сè уште успеваат да направат издувните гасови од колите да мирисаат подобро од врвовите на Алпите. Од краевите на видикот, сè што можам да заклучам е дека зградите се боени врз земјата и дека се креваат до бескрај. Тоа што топографијата на регионот има многу одигнувања прави малите згради да изгледаат повисоки од другите, и сè тоа нежно се издигнува и симнува во форма на синусоиди кон бесконечноста.

Стоејќи таму, запрепастен од видикот додека се лигавам на величенственоста не сето ова, го згртчувам срцето и и давам најголема шанса на лагата дека за мене Токио никогаш нема да престане.

--

--

Damjan Cvetkov-Dimitrov

I never 🐜icipate ants.. professionally. I also build worlds, dabble in futurism and love matte things https://www.instagram.com/anticipateants/