Коронавирус: Како да танцуваме
Прв дел: Час по танцување, или што можеме да научиме од земјите низ светот
Оригинален автор: Tomas Pueyo, линк до оригиналот на англиски
Превод: Маја Ѓорѓиоска
Контакт за печатни грешки и забелешки: https://herefrom95.wordpress.com/contact/Танцот е само откривање, откривање, откривање — Марта Греам
Пред еден месец ја започнавме тревогата со Коронавирусот: Чеканот и танцот. Потоа, ги замоливме земјите за повеќе време со Коронавирус: Зошто мора веднаш да се реагира и детално ја разгледавме ситуацијата во САД со Coronavirus: Out of the Many, One. Овие статии заедно вкупно биле прегледани од над 60 милиони луѓе и се преведени на над 40 јазици.
Од тогаш, бројот на потврдени случаи на коронавирус порасна дваесеткратно, од 125,000 на над 2.5 милиони. Милијарди луѓе низ светот се под чеканот: нивните власти имплементираа строги мерки за социјално дистанцирање за да го спречат ширењето на вирусот.
Голем дел од нас го направија правилното нешто: чеканот беше вистинската одлука. Ни даде време да ја намалиме епидемијата и да откриеме што треба да се направи во следната фаза, Танцот, кога внимателно ги намалуваме строгите мерки за социјално дистанцирање за да избегнеме втор бран. Но чеканот е тежок. Милиони останаа без работа, без приходи, без заштеди, без бизниси, без слобода. Светот сака одговори: Кога ќе заврши ова? Кога можеме да ги намалиме мерките и да се вратиме на новата нормална ситуација? Што е потребно? Каков ќе ни биде животот?
Кога ќе можеме да танцуваме?
Во оваа статија ќе објаснеме кога и како ќе танцуваме. Конкретно, ќе откриеме:
- Што можеме да научиме од искуствата од земјите низ светот?
- Кои мерки треба да бидат применети за време на танцот за да се вратиме во новата нормална ситуација? Која е цената?
- Како можеме да ги направиме реалност?
Еве што ќе научите:
Со чеканот добивме време. Се спасија милиони.
Сега знаеме што треба да направиме за да танцуваме.
Многу земји ни ја покажаа патеката.
Можеме да научиме од нивните успеси и неуспеси.
Всушност, можеме за евтино да танцуваме.
Најверојатно не мора да останат затворени бизнисите и училиштата.
Но треба точно да ги знаеме мерките, затоа што треба да започнеме со подготовки.
Властите имаат голема улога.
Најголем дел го немаат направено тоа што е потребно.
Со нетрпение очекуваат да се вратат кон нормалниот живот, затоа брзаат без да се подготват.
Многу земји ќе доживеат и втор бран.
Доколку се постапи правилно, можеме да се вратиме кон нормалниот живот за неколку недели.
Животите ќе ни се сменат на околу една година, но овие промени ќе бидат разумни.
Ќе ни дозволат да избегнеме многу смртни случаи и колапс на економијата.
Оваа статија стигна до големина на мала книга, затоа наместо да ја објавувам целосно веднаш, ќе објавувам еден дел на ден. Доколку не сакате да ги пропушите, претплатете се на билтенот. Денес го објавуваме првиот дел: Како да танцуваме.
Да започнеме.
1. Состојбата на светот
Бројот на случаи низ светот продолжува да расте.
Но тој раст крие еден многу позитивен факт: ситуацијата се подобрува.
Некои земји се уште се во најлошиот дел од кризата. Но други брзо ги воведоа мерките што беа потребни и спасија милиони животи.
Кога ќе ги погледнете графиконот, првата мисла што ви доаѓа е: Што направија? Што можеме да научиме од искуствата на другите земји, земјите што ја пребродија кризата и тие што целосно ја одбегнаа?
За тоа, ќе треба да знаеме во кој степен се сите земји во фазите на чеканот и танцот.
Околу 60% од светското население припаќа на земјите кои се под чеканот. Милијарди луѓе ја изгубија слободата на движење, како и работата. Треба повторно да започнат со живеење, но страв им е или не се во можност.
Затоа, многу земји во фазата на чеканот планираат да ја отворат економијата дел по дел. Некои започнааа со отворање на училишта, а други со бизниси. Но најголем дел не се започнати со отворање.
Како можат земјите кои се длабоко во фазата на чеканот да откријат како ќе изгледа фазата на танцот во иднина? Како можат да направат план што ќе го намали бројот на заболени и смртните случаи, додека популацијата ќе остане сигурна дека нема да има втор бран што повторно ќе им ги уништи животите?
Со користење на временска машина.
Се вика интернет.
А иднината се вика Тајван, Хонг Конг, Кина и Јужна Кореја.
2. Часот по танцување: Патување во иднината
Тунелот во кој се наоѓаме е долг и темен, но има светлина на крајот. Ова го знаеме, затоа што веќе гледаме некои земји кои се веќе во светлината.
Доколку сакаме да знаеме што ќе се случи после чеканот, првиот чекор во нашето патување треба да биде до единствената земја што веќе го остави чеканот. Да ја прекршиме забраната за патување и да ја посетиме Кина.
Танцот после чеканот на Кина
Статија околу ситуацијата во Кина има тука. Времепловот на настаните е тука.
Кина стигна од врв кој ближеше до 6000 нови случаи на ден, на помалку од 60. Тоа е околу 2000 пати помал број на дневни случаи од САД по глава. Ова го постигнаа со најтешкиот чекан на целиот свет. Искуството на овој човек детално опишува каква била ситуацијата. Суштината била: се било затворено, сите биле дома цело време, со недели, насекаде.
Како изгледа животот сега? Оваа нишка од Твитер ни покажува слики од Пекинг на 10ти април.
Луѓето повторно се движат по улици — со маски. Најголем дел од компаниите, транспортните станици и бизнисите имаат точки каде ја проверуваат температурата на луѓето и нивната здравствена кодови.
Овие кодови ги дава владата. Доколку кодот е зелен можете да шетате насекаде, но ако е жолт или црвен, мора да се самоизолирате и забранет ви е влезот во многу згради.
Се верува дека владата ги централизира сите информации оф овие апликации (или централно или регионално), за да знае каде била секоја личност и да ги следи потенцијалните луѓе кои можеби се заразиле од некој што е заболен.
Патувањето се уште е многу ограничено патувањето, но сепак се патува малку, повторно со многу тестирање, а за работниците со заштитна опрема, а не само со маски.
Училиштата остануваат затворени, но некои ќе се отворат на крајот од месецот.
Другите земји и региони што ни зе важни се Јужна Кореја, Сингапур и Тајван.
Јужна Кореја е важна затоа што таа е првата земја што ја уништи заразата и сега успешно танцува — без целосно затворање во земјата. Сингапур е важен затоа што успешно танцување долго време, можеме да научиме од нивните грешки. А Тајван е важен затоа што вопшто немаа епидемија иако се екстремно блиску до Кина.
Да ги разгледаме.
Вечниот танц на Тајван
Во Тајван требаше да има страшна епидемија поради близината со Кина, како и тесната врска. Но, од 19ти Април, рангиран е 104 според бројот на случаи, со вкупно 400 и само неколку нови случаи дневно. Андора, која е 300 пати помала во однос на бројот на жители, има два пати поголем број на случаи.
Тајван ова го постигна без да ги затвори бизнисите, без превентивно затворање на училиштата и без забрани за собири. Тајван не ја претрпи големата цена што ја претрпуваат останатите земји. Како го постигнаа тоа? Ова може да ви ја долови сликата:
Во оваа приказна, еден патник раскажува за неговото искуство од слетувањето во Тајван до неверојатниот карантин. Еве неколку цитати од делот за карантинот:
08:30 следниот ден, ме разбуди телефонски повик. Повикот беше од локалниот совет да потврди каде се наоѓам, дека сум тој што кажувам дека сум и да ми ја проверат историјата на патување, како и здравствените проблеми и симптоми.
14:30, уште еден случаен повик за проверка од локалниот совет. „Стандардна случајна проверка г-дине Чен. Локалниот полицаец ќе ве посети во 15:00. Добро се чувстувате?“
„Добар сум, значи со случајни повици проверувате дали сме дома?“ прашав.
“Да, се јавуваме 2–3 пати на ден. Ве молам не ја напуштајте адресата на која се наоѓате и преземете ги потребните мерки за да го заштитите вашето семејство. Доколку го напуштите домот, полицијата ќе ве посети за кратко време.“
„А како знаете доколку некој го напушти домот? Не бев следен со GPS и не добив мобилен уред за следење на аеродромот„ прашав.
“Не. Уредот го добиваат лицата кои немаат мобилен. Бидејќи имате свој телефон, погрижете се да биде со вас цело време во следните 14 денови. Доколку изгубите сигнал, ве молам контактирајте не веднаш на друг начин, во спротивно ќе мора дома да ве посети полицијата.“
“Значи веќе ме следите..?“
„Да, ни го дадовте вашиот број и тоа беше доволно.“
Подоцна, во 20:30 добив порака со телефонски број на кој можам да ѕвонам надвор од работното време. Се јавив и прашав зошто, бидејќи не ги прекршив правилата.
„Можеби привремено сте изгубиле сигнал или не сте се движеле одреден временски период, па системот помислил дека можеби сте го оставиле телефонот дома, а не можеме да ризикуваме да излезите надвор„ ми рече работникот. Значи нивниот систем може да следи дури и дали си во движење..
Морам да кажам, многу сум ипресиониран од оваа програма за карантин.
-Џонатан Чен
Нивото на подготвеност на Тајван е зачудувачко. Ова е листа на над 100 мерки кои ги воведиле пред март. Еве неколку примери, од таа листа и од други извори:
- Рани и строги забрани за патување, обновени дневно.
- Го централизирале производството на маски, со произведување на 2.4 милиони на ден (два пати повеќе од потребниот број — 1.3 милиони).
- Вовеле цена за да избегнат профитерство, за почеток на околу 30 денари од маска.
- Казната за самоволно поставување на цена на маските и останатите важни производи се смени на 1–7 години во затвор и казна до околу 150,000 евра.
- Ширењето на лажни вести може да биде казнето до околу 90,000 евра.
- Проактивна детекција на случаи: ги тестираа сите луѓе кои претходно имале симптоми на грип, но биле негативни на тестовите на грип и откриле некои од пациентите со коронавирус.
Сето ова се случи дури и ПРЕД да се затвори Вухан. Потоа продолжиле:
- Војниците се мобилизирале да произведуваат маски.
- Официјалната цена на маските подоцна била намалена на околу 10 денари на крајот од Февруари.
- Со текот на времето го зголемиле производството на 10 милиони маски на ден (за популација од 23 милиони) пред крајот на март. Маските биле поделени, а нивниот извоз бил забранет.
- Патувањата и датабазите на здравството биле поврзани, така здравствените работници знаеле кој има поголема шанса да биде заразен. Тајванскиот центар за превенција и контрола за болести постојано следел што се случува низ земјата.
- Патниците биле распоредени според степенот на ризик, од слободен влез во сземјата со самоизолација до задолжителен карантин.
- Поддршка во карантинот со храна и охрабрувања.
- Спроведување на карантинот со телефонските сигнали на луѓето. Доколку немаат телефон, власта им доделува. Властите добивале известување доколку уредот е исклучен повеќе од 15 минути.
- Луѓето кои не ги следеле правилата за домашен карантин биле предадени на полицијата и биле следени од полицајци. Еден пар добил казна од околу 10,000 евра кога го прекршиле 14-дневниот домашен карантин.
Доколку светот е училница, а секоја земја е ученик што го полага испитот за коронавирус, Тајван има најдобар резултат на тестот. А и нуди помош. Доколку јас бев друг ученик во таа училница, би ја прифатил таа помош.
Има неколку работи кои треба да се нагласат. Прво, земјата можеше да ги спроведи сите овие правила затоа што Тајванскиот центар за превенција и контрола на болести бил подготвен и имал искуство со епидемијата САРС во 2003.
Следно, спроведиле строги мерки во краток временски период, а нови мерки се воведувале секој ден.
Понатаму, ги поврзале датабазите на здравствениот систем со информациите од туризмот, а ја известиле полицијата за позитивните случаи. Навидум користат стандардни техники за следење на луѓето, во комбинација со информациите и датабазите, но не со информации од движењето на мобилните телефони или кредитните кратички, колку што можевме да откриеме — освен ако сте заразени. До 20ти април имале само 400 случаи, што значи дека случаите лесно се контролираат.
Малиот чекан и скалпелот на Јужна Кореја
Јужна Кореја беше првата земја во светот што ја победи епидемијата на коронавирус без чекан врз целата земја. Немаше затворање на ресторани, фабрики, продавници. Немаше седење дома. Немаше забрана за собири и настани со одреден број на луѓе.
Што направија? Користеа мал чекан и скалпел.
Главната епидемија се случуваше во градот Дигу, откако познатиот пациент со број 31 го прошири вирусот на над 5000 луѓе, поврзани со локалната црква — околу половина од вкупниот број на случаи денес.
Овде, властите не ги затворија бизнисите, но населението веќе имаше искуство од епидемијата на вирусот БДС (MERS) во 2015г. и сепак ги испразнија улиците:
Шопинг центрите, рестораните и улиците беа празни, а сликите од празните улици на социјалните мрежи наликуваа на хорор филм, во Дигу, градот со 2,5 милиони жители население, које е четврт по големина во земјата.
„Како некој да фрлил бомба во центарот на градот. Изгледа како зомби апокалипса„ изјавил Ким Џан-ву, 29-годишен жител на градот за Reuters.
Властите во Дигу ги затвориле градинките, ги одложиле училиштата и ги затвориле библиотеките, музеите, црквите, дневните престои и судовите.
Но истото не се случуваше надвор од Дигу. Карантинот беше ограничен само во местата каде е присутен вирусот и немаше големо влијание врз економијата.
Еден начин за мерење на влијанието на овие мерки е според мобилноста: Колку се движеле Севернокорејците во последните неколку месец? Одличен начин за анализирање на овие информации е да се спореди нивното движење со земја каде чеканот е силен: Шпанија.
Тогаш како Јужна Кореја успеа да ја контролира епидемијата без силен чекан?
Со тоа што научи точно кој е заболен, а потоа сите контакти на таа личност ги затвори во карантин.
За да научиме кој е болен, треба да се тестираат голем број на луѓе.
Сите знаеме за тестирањето во Јужна Кореја, од драјвтру до телефонски говорници, каде тестовите се готови за само 7 минути.
Резултатот е една од најинтензивните операции за тестирање во светот.
Многу земји се преоптоварени со случаи, како Франција или Велика Британија и немаат доволно тестови за сите. Дури и во земји како Германија или Сингапур, каде можеа да ги тестираат скоро сите, веќе не можат поради бројот на заболени.
Во меѓувреме, земји/региони како Тајван, Хонг Конг, Виетнам или Јужна Кореја тестираат доволно за помалку од 3% од нивните тестови да се позитивни. Веќе не ги тестираат само луѓето кои имаат симптоми. Ги тестираат и луѓето кои биле во контакт со нив. Како ги знаат тие луѓе? Во случајот на Јужна Кореја, еден од најнапредите системи за следење надвор од Кина.
Владата на Јужна Кореја има пристап до информациите на мобилните телефони, кредитните картички и уличните камери за време на епидемија, што е резултат на еден закон кој бил донесен после епидемијата со БДС (MERS).
„Ги ревидиравме законите за поголем приоритет да има општествената безбедност отколку индивидуалната приватност за време на криза на заразни болести“ — Др. Ки, за Њујорк Тајмс.
Со овие информации, знаат каде се движат луѓето. Потоа јавно ги објавија тие информации (без лични информации) за останатите луѓе да знаат дали биле во контакт со заболена личност. Имаат детали за секој саат, некогаш дури и за секоја минута од движењето на заразените личности — со кои автобуси се возеле, кога и каде се качиле и се симнале, дури и дали носеле маски.
Истите информации ги користат за да ги известуваат луѓето по телефон секогаш кога откриваат нови случаи во нивна близина. Луѓето кои мислат дека биле во контакт со некој од пациентите се повикуваат во центрите за тестирање.
Ова не е само широк систем за известување на луѓето кои се во таа близина, туку е насочен. Кога се открива заболен пациент, тимовите кои се задолжени да ги најдат неговите контакти ги користат информациите од здравствениот систем, кредитните картички, уличните камери и локацијата на мобилниот телефон за да ги откријат претходно посетените локации и да ги најдат тие контакти. Луѓето кои биле во близина на пациентот потоа се известени преку тој систем.
Ако вашиот тест е позитивен, ве праќаат во изолација во локација од владата каде добивате основна медицинска грижа и сте под надзор или во болница или во вашиот дом, во зависност од симптомите.
Доколку тестот е негативен, доколку сте оздравиле или доколку потенцијално сте биле во контакт, одите во карантин во вашиот дом. Потоа мора да симните друга апликација која ја известува полицијата доколку излезите надвор. Овој сервис е потпомогнат со локални тимови за набљудување кој ви се јавува два пати на ден за да се осигура дека сте дома и да ве праша кои се вашите симптоми. Казната доколку излезете е околу 8000 евра и до една година затвор.
Другите воведени мерки се проверки на температурата на влезовите од зградите, секаде има антибактериски средства за раце и носење маски. 98% од луѓето велат дека само понекогаш носат маски надвор, додека 64% се изјасниле дека секогаш носат. Откако се зголеми побарувачката за маски, владата интервенираше и започна да управува со залихите.
Еден позитивен фактор од раната епидемија во Јужна Кореја е тоа што имаше строга обратна забрана за патување. До средината на март, најголем дел од земјите воведоа забрани за патување до и од земјата. Иронично е тоа што најверојатно таа мерка спаси многу животи во Јужна Кореја, како што ќе забележете понатаму.
Значи најважните мерки во Јужна Кореја се тестирање, следење на контактите, изолација, карантин, хигиена, маски и забрани за патување. Тие не користеа тежок чекан затоа што доволен беше скалпелот.
Критичните грешки на Сингапур
Мерките во Сингапур на почетокот беа слични та Тајван. Нивниот времеплов за воведување на мерките беше исто зачудувачки. Направија многу слични работи како Тајван и Јужна Кореја. Но не функционираше. Зошто? Одговорот е во разликите.
Три главни нешта се различни во Сингапур, во споредба со Тајван или Јужна Кореја: забрани за патување, следење на контактите и маски.
Прво, забраните за патување. Како што можеме да забележиме, Сингапур рано забрани посетители од Хубеи, кога таму имаше 6000 случаи, на 29ти јануари. Три дена подоцна, на 1ви февруари, ги забранија посетите за сите што доаѓаа од Кина, кога таму имаше 12,000 случаи.
Но потоа не воведоа доволно мерки. Не ги забранија посетителите од Италија, Франција, Шпанија и Германија до 16ти март. Во тоа време, имаше вкупно 50,000 случаи во овие земји, а можеби и многу повеќе. Сите краткотрајни посетители беа забранети една недела подоцна, на 23ти март. Но до тој ден, во светот веќе имаше 150,000 случаи, покрај овие неколку земји.
Ова задоцнување доведе до голем број на нови случаи. На крајот на март, околу 80% од случаите во Сингапур беа од надвор. Во рок од една недела, бројот на случаи од странство падна на нула, но веќе беше доцна. Овие случаи беа доволно за да се прошири вирусот низ локалното население и да се зголеми бројот во следните недели. Доколку ги затвореа границите порано, околу 10ти март, најверојатно оваа епидемија немаше да се случи — или ситуацијата ќе беше подобра.
Во четвртиот дел од оваа статија, за неколку дена, ќе видеме во детали како треба да се одлучи кои рестрикции за патување треба да се воведат.
Втората голема разлика со земји како Јужна Кореја е следењето на контактите. Операцијата во Сингапур не е најдбра во светот. До крајот на март, нивните тимови можеле да следат околу 600 од контактите. Така е затоа што процесот е бил многу физички. Следачите морале да се потпираат врз интервјуата или уличните камери за да истражуваат. Немало информации од мобилните телефони, од кредитните картички, конекција помеѓу здравствениот систем и информациите од патувањата. Не е познато дали силата на истражувачите е поголема или помала во споредба со Тајван или дали алатите кои ги користеле се подобри или полоши. Но Тајван не беше преоптоварен од големиот број на странски случаи.
На крајот на март, земјата ја објави TraceTogether, мобилната апликација што луѓето можеа да ја симнат и преку bluetooth енкрпција, анонимно да ги следат луѓето со кои биле во контакт, за да бидат известени доколку контактирале со некој заразен.
Идејата е одлична, но има инфилтрација од околу 20% (1 милион корисници наспроти 5.6 милиони жители). Проблемот тука е што ова не е доволно. За контактот да биде регистриран, двете личности треба да ја користат апликацијата. Ако една личност има 20% веројатност да ја користи, две личности ќе имаат 20%*20%=4% веројатност да ја користат. Со други зборови, само 4% од контактите ќе ја користат апликацијата.
А ова претпоставува дека кај тие 20% апликацијата е функционална. Ако само 20% од луѓето ја симнат апликацијата — како што најчесто се прикажуваат броевите кога девелоперите сакаат да прикажат колку е успешна нивната апликација — голем дел од луѓето што ќе ја симнат нема да ја отворат, додека голем дел од тие што ќе ја отворат, нема правилно да ја постават, а на голем дел од нив нема да им биде вклучен bluetooth цело време.
Се уште е рано: Сингапур ја објави апликацијата пред четири недели. Се надеваме дека бројот на корисници ќе се зголеми во следните недели. Но оваа земја е една од најдобрите во светот што може да го убеди населението да ја користи апликацијата: инфилтрацијата на мобилните е голема, земјата е мала, а жителите веруваат во власта. Доколку Сингапур не може да ги убеди жителите, тогаш кој може? Самата земја изјави дека не може да го замени физичкото следење на контактите во ова време.
Да разјасниме, ова не значи дека технологијата е лоша. Всушност, bluetooth во смартфоните дава големи ветувања да го реши проблемот со следењето на контактите. Проблемот е инфилтрацијата. Не е лесно да се убедат многу луѓе да ја користат апликацијата. Во Јужна Кореја не е задолжително, а кај нив контактите се следат многу полесно. Овие проблеми ќе ги разгледаме во третиот дел од оваа статија, за ден-два. Претплатете се на билтенот за да ја добиете.
Третата, за крај, се маските. До 3ти април, Сингапур препорачуваше маски да носат само заболените. Како што видовме претходно, ова е спортивно на Тајван (каде маските беа централно менаџирани) и Јужна Кореја (каде 98% од луѓето понекогаш носеа маски,а 64% ги носеа цело време).
Ова е важно, затоа што како што ќе забележиме во вториот дел, маските се важни за да се спречи вирусот.
Важноста на овие три елементи заедно — забраната за патување, следењето на контактите и маските, е прикажана во следниот графикон:
Ова е графичкиот приказ на сите случаи во Сингапур кои се познати.
Црвените точки се активните случаи, додека зелените се излечените. Можеме да забележиме дека има преголем број на црвени случаи. Тие го бележат и времето на епидемијата (колку неодамна се случила).
Во различни случаи може да се забележи следното:
Ова е детално истражен случај. За жал, најголем дел од случаите изгледаат вака:
Со ова можеме да забележеме колку е тешка работата на истражувачите. Овој случај не е детално истражен. Најголем дел од случаите се вакви.
Црвените кластери се формирани околку специфични локации: заедничките домови. Ги пребарав сите кластери за да видам кои се заедничките домови.
Одговорот: најголемиот дел.
Во овие домови најчесто има мигрантски работници. Како што забележавме претходно, на Сингапур му требаше долго време да воведи забрани за патување, а до крајот на март околу 80% од случаите беа внесени од странство.
Но потоа, овие случаи започнаа со ширење, бидејќи немаше ограничување на јавните собири и не се носеа маски.
Дури и откако се ограничија собирите и можеше да има групи од по 10 луѓе, вака изгледаа домовите:
Многу луѓе, малку маски.
Изгледа дека грешките на Сингапур се задоцнувањето со забраните за патување, задоцнувањето со ограничување на собирите, задоцнувањето со воведот на маските и преоптоварен систем за следење на контактите. Со ова започнува информирањето на главните мерки што треба да се применат во секоја земја за да се справат со коронавирусот.
Ова е листата на мерките што треба да се применат во секоја земја. Имаме четири видови:
- Евтини мерки што најверојатно не се доволни за спречување на епидемијата.
- Малку поскапи мерки што сепак се потребни.
- Скапи мерки што не се потребни.
- Здравствени мерки.
Време е да ги разгледаме детално.
Ова беше првиот дел од нашата статија: Коронавирус: Како да танцуваме. Во вториот дел, ќе ги разгледаме едноставните, но ефикасни мерки што може секој да ги примени за да се забави ширењето на коронавирусот, како маските, хигиената или физичкото дистанцирање. Во третиот дел ќе го анализираме главниот дел на мерките што треба да ги примени секоја влада: тестирање, следење на контактите, изолирање и карантин. Ќе има и специфични препораки за секоја мерка, како и предупредување: најголем дел од земјите не ги следат контактите. Доколку продолжат така, ќе се најдат во истата ситуација како Сингапур.